Македонија
Тргнале на викендица, завршиле со убиство
Михајло Чевревски со уште тројца свои другари тргнал кон неговата викендица во Зелениково, но по банална расправија по пат, бил убиен од еден од неговите другари – Александар А. (22), велат извори од МВР за Макфакс.
Михајло Чевревски со уште тројца свои другари тргнал кон неговата викендица во Зелениково, но по банална расправија по пат, бил убиен од еден од неговите другари – Александар А. (22), велат извори од МВР за Макфакс. Трите момчиња веќе се приведени поради сомнение дека биле директни учесници во убиството на Михајло Чевревски, потврдија за Макфакс од МВР. Неофицијално, станува збор за Александар А. (22), Александар К. (23) и Панче Н. (23), сите од Скопје. Првиот, Александар А. е осомничен за убиството на младиот Чевревски, додека другите се осомничени дека му помогнале да го скрие телото на убиениот.„Чевревски и приведените се упатиле кон село Зелениково каде што Михајло имал викендица. Откако стигнале до раскрсницата на село Зелениково со патот за Козјак, А.А. свртел десно кон Козјак при што дошло до расправија помеѓу него и Михајло, заради тоа што не отишле во викендицата како што претходно се договориле туку возачот се упатил своеволно кон Козјак. Откако стигнале во близина на Козјак поточно 3,5 км над селото Нова Брезница застанале и извадиле шише пиво и чаши и почнале да конзумираат алкохол“, се вели во соопштението на МВР. Расправијата и понатаму продолжила помеѓу Михајло и Александар А. при што во еден момент Александар извадил пиштол марка „Црвена Застава“ кој го поседувал без дозвола. Прво испукал еден куршум кон Михајло и го погодил во пределот на главата поточно во десниот образ, по што истиот паднал на земја, а потоа се доближил и од непосредна близина испукал уште еден куршум во темето на главата на Михајло, информираат од МВР. По ова заедно со другите двајца другари го одвлекле телото на починатиот Михајло десетина метри и го сокриле во блиските грмушки. Според МВР, по извршување на убиството истите меѓусебно се договориле да молчат за истото и заминале дома.По приведувањето на осомничените, по наредба на Истражен Судија извршен е претрес во домот кај бабата на А.А. каде што е пронајден пиштол кој е предаден на вештачење. Исто така од страна на полицијата е пронајдена и облеката која што сторителот ја носел критичниот момент и истата е дадена на вештачење, информираат од МВР. Од страна на СВР-Скопје во врска со делото против А.А. е поднесена кривична пријава за „убиство“, додека А.К. и П.Н. се пријавени за кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“ и истите со доказниот материјал се предадени на Основното јавно обвинителство – Скопје./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Партнерството на СДС со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина
Дали Јованка Тренчевска и СДС го бранат Груби и дали доброволно се пријавуваат заедно со сите свои колеги да седнат до Груби на обвинителната клупа, прашува Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Партнерството на СДС со бегалецот од правдата Артан Груби и ДУИ излегува на површина. Откако со години замижуваа и го одобруваа милионскиот криминал на тогашниот прв вицепремиер Артан Груби, сега кога треба да се соочи со правдата, се ставаат во негова заштита, па дури и ќе се жртвуваат и ќе тонат заедно со него. Имено, потпретседателката на СДС и поранешна министерка, Јованка Тренческа во однос на кривичната пријава за Груби вели дека одлуките на Владата биле колективни и дека ако се докаже дека има вина во случајот, треба сите заедно да одговараат“, вели тој.
Петрушевски додава дека СДС и ДУИ во паника и страв смениле 10 тези откако Груби бил уапсен.
„Дали потпретседателката на СДС го брани Груби за криминалот со кој државниот буџет го оштети за над 8 милиони евра? Или, пак, доброволно се пријавува заедно со сите свои колеги од тогашната влада да седнат на обвинителна клупа заедно со Артан Груби? Дали затоа нервозата во СДС и ДУИ е голема? Дали стравот им е толку голем од тоа што дополнително има да каже Груби? СДС и ДУИ во паника и страв сменија 10 тези откако Груби беше уапсен. Како тргнале до крајот ќе си признаат се“, рече Петрушевски.
Македонија
Тошковски: Безбедноста на нашите деца е заедничка обврска, тие се нашето најголемо богатство
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на интерактивната куклена претстава што се одржа во Дом на култура „Билјана Белочанец“ во општина Кисела Вода, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Театар Провокација, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.
Тошковски потенцираше дека едукацијата на најмладите претставува еден од најважните сегменти во градењето сообраќајна култура и во заштитата на човечките животи.
„Безбедноста на децата е наш врвен приоритет. Преку вакви активности, кои на децата им се блиски и разбирливи, создаваме генерации што ќе ги почитуваат сообраќајните правила и ќе придонесуваат за побезбедни патишта. Министерството за внатрешни работи ќе продолжи активно да ги поддржува и да учествува во сите проекти насочени кон подигнување на свеста за сообраќајната безбедност“, истакна Тошковски.
Министерството за внатрешни работи и во иднина ќе продолжи со активности и кампањи насочени кон едукација на децата и младите како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, со цел создавање побезбедна сообраќајна средина за сите граѓани, најавуваат од таму.

