Македонија
Бошкоска: Никој друг освен полицијата не би можел да влезе во куќата
Утре треба да сум во Скопје, а во среда ќе барам прием кај премиерот Никола Груевски. Ова за „Макфакс“ го изјави Виолета Бошкоска, сопругата на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, по вториот грабеж во нивниот дом во Скопје.
Утре треба да сум во Скопје, а во среда ќе барам прием кај премиерот Никола Груевски. Ова за „Макфакс“ го изјави Виолета Бошкоска, сопругата на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, по вториот грабеж во нивниот дом во Скопје. Бошкоска објаснува дека семејната куќа е веќе запечатена по увидот извршен претпладнево од полицијата и се чека нејзиното враќање од Хрватска. “Ќе ги поканам и новинарите да влезат во куќата за да се види во каква состојба е нашиот дом“, вели Бошкоска.Таа вели дека украдениот автомобил „ланчиа“ лично, по апсењето на нејзиниот сопруг, го паркирала во дворот на семејната куќа . За нејзе е чудно што автомобилот, на кој имало и полициски налепници, станал плен на крадци.“Мислам дека никој друг, освен полицијата би се дрзнал да влезе и да ја ограбува куќата, знаејќи дека сме следени цело време“, вели Бошкоска.Љубе Бошкоски беше уапсен и притворен на 6-ти јуни, поради сомнение за недозволено финансирање на изборната кампања на неговата партија. Парите кои се користат како доказ за ова тврдење беа откриени токму при претрес на автомобилот „ланчиа“ на Бошкоски. /крај/макфакс/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.