Македонија
Тинејџери го подметнале пожарот кај Баир
Кривична пријава против три лица на возраст од 15 до 18 години поднесе денеска битолската полиција поради основано сомнение дека подметнале еден од пожарите, што деновиве избувнаа околу Битола.
Кривична пријава против три лица на возраст од 15 до 18 години поднесе денеска битолската полиција поради основано сомнение дека подметнале еден од пожарите, што деновиве избувнаа околу Битола.Кривичната пријава поради сомнение дека сториле кривично дело “Тешки дела против општата сигурност” поднесена е против 18-годишниот Ѓ.В., против 16-годишниот А.М., како и против 15-годишниот А.В. сите од Битола.Од превземените активности, констатирано е дека пријавените на 21-ви овој месец, околу 12,45 часот на источната страна од месноста “Германски гробишта”, поточно на околу 200 метри од битолската населба “Баир”, подметнале пожар со потпалување отпаден материјал, предизвикувајќи опасност по животот и телото на луѓето и значителна штета по имотот. Притоа, осомничените предизвикале опожарување на површина од околу 200 хектари, а материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.Според исказите на пријавените, како и според исказите на неколкумина очевидци на настанот, пријавените делото го сториле на начин што во споменатиот термин, , враќајќи се од капење во реката Драгор, застанале на тумбата над тунелот над ромската населба “Баир”, каде имало поголема количина отпаден материјал, кој според нивното кажување се состоел главно од сунѓери, теписи и слично. Второпријавениот, во договор со прво и третопријавениот, со употреба на чкорче од ќибрит кој го носел со себе, запалил парче картон, го ставиле во отпадниот материјал и го оставиле да гори. Кога виделе дека огнот брзо се шири, најпрвин заминале кон населбата, откаде забележале дека огнот уште побрзо се шири, по што се вратиле и се обиделе да гаснат. По добивањето на сознанијата за настанот, од страна на полициски службеници е излезено на лице место заедно со пријавените и нивните родители, при што истите опишале како го предизвикале настанот.Полицијата се уште нема сознание дали е подметнат и кој го подметнал пожарот за големиот пожар што го зафати НП Пелистер. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неколку скопски општини денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина:
· од 06:00 – 10:00 часот, корисниците од ул. Пајак и ул. Наум Наумовски Борче. (Општина Центар)
· од 08:00 – 12:00 часот, дел од корисниците од ул.Пејо Јаворов (општина Кисела Вода)
· од 09:00-11:00 часот корисниците од улиците со бр. 406 и бр, 408 во с. Марино. (Општина Илинден)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улица со бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00-15:00 часот корисниците од улиците Индира Ганди, Брсјачка Буна, Овчеполска, Пелагонија, Демирхисарска, Сландол, Хаџи Јован Шишков,Злетовска, Тиквешка и ул.Нов Живот. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Претежно облачно, попладне и кон крајот на денот повремен дожд
Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, претежно облачно, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури. Од недела попладне ќе започне да дува северен ветер и температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег на Попова Шапка без задржување на коловоз. Намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 100 метри, Стража до 80 метри и кај Крушево до 30 метри, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

