Македонија
Рундшау: Моќните држави ја поддржуваат Атина во спорот со Македонија
Германскиот весник „Франкфуретр Рундшау“ информирајќи за посетата на канцеларката Ангела Меркел на Балканот, оценува дека Атина добива премолчена поддршка од моќните држави во спорот со Македонија
Германскиот весник „Франкфуртер Рундшау“ информирајќи за посетата на канцеларката Ангела Меркел на Балканот, оценува дека Атина добива премолчена поддршка од моќните држави во спорот со Македонија „Македонија веќе шест години е официјален кандидат за членство во Унијата, но, се’ уште не се најде термин за конечно започнување на преговорите. Земјата и натаму е во спор со соседот Грција околу своето име, а Атина наидува на неизречена подршка кај помоќните држави на ЕУ за својата блокада на Македонија“, пишува весникот. Констатирајќи дека многу зависи од Германија дали државите на западен Балкан наскоро ќе бидат примени во ЕУ, „Франкфуретр Рундшау“ истакнува дека канцеларката Меркел им сигнализира на балканските држави дека можат да успеат.„Кој долго живеел во комунизмот, има инстинкт за тоа, дека не се битни формалните изјави, туку процесите во заднината“, оценува весникот и како пример за својата теза го посочува случајот со македонија, чиј пат кон ЕУ е блокиран заради спорот со Грција. „Затоа не е чудо што на Балканот владеат стравувања: Не’ сакаат ли нас вистински? И, по која цена? Мораме ли да ги исполниме пропишаните услови или тоа и благодарно да го покажеме – на пример, со продавање на државни фирми на големите концерни од ЕУ? Вистински важното не е запишано ни со ситни букви“, констатира „Франкфуретр Рундшау“ . /крај/дв/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сите што ќе одат на средба со Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ
Сите што ќе одат на лидерската средба со Христијан Мицкоски го легитимираат криминалот и корупцијата, велат од СДСМ.
„Сите што денеска ќе одат на средба со Мицкоски за укинување на техничката стануваат соучесници во: легитимирање на криминалот и корупцијата на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ, анти ЕУ кампањата на власта за изолација на земјата, планот за предвремени избори што ги имаат веќе договорено без основни услови да бидат фер и демократски и реализација на планот „мигранти за пари“ после тоа“, смета СДСМ.
Сите чекори кои власта досега ги презема, додаваат од партијата, веќе ги најавивме: изолација, избори, мигранти за пари.
„Секој што ќе отиде на средбата со Мицкоски не може да каже после тоа дека не бил соучесник. СДСМ останува со граѓаните, на вистинската страна. СДСМ останува на страната на Македонија, на страната за интеграција, на фронтот за правда и против корупцијата и криминалот“, велат од опозициската партија.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.

