Македонија
УСАИД ги направи првите обуки за асистивна технологија
Првата обука за користење асистивна (пристапна) технологија во основното образование беше отворена денеска преку проектот на УСАИД – „Еднаков пристап за еднакви можности“, во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје.
Првата обука за користење асистивна (пристапна) технологија во основното образование беше отворена денеска преку проектот на УСАИД – „Еднаков пристап за еднакви можности“, во основното училиште „Јан Амос Коменски“ во Скопје.Училиштето е прво од дваесетте училишта кои ќе добијат донација од асистивни уреди што овозможуваат пристап до информатичката технологија за учениците со посебни образовни потреби. „Преку нашиот проект ‘Еднаков пристап за еднакви можности’, ќе обезбедиме асистивни уреди и софтвер за 20 избрани основни училишта од Македонија. Покрај тоа, ќе обучиме повеќе од 200 наставници и 100 училишни педагози психолози, училишни администратори или родители за користењето и придобивките од асистивната технологија. Ние ги охрабруваме училиштата да ја користат оваа технологија во нивната секојдневна работа со децата со посебни образовни потреби“, изјави директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Роберт Вурц.Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, го поздрави започнувањето на обуките и нагласи дека иницијативата на УСАИД во голема мера го подобрува владиниот проект „Компјутер за секое дете“ како и спроведувањето на новата Национална стратегија за е-Инклузија 2011-2015. Градоначалникот Стевче Јакимовски изрази задоволство што во рамките на овој проект ќе бидат вклучени две основни училишта од општина Карпош кои служат за пример на инклузивни училишта. Општината, истакна тој, со внимание ќе го следи и ќе го поддржи спроведувањето на проектот.Проектот на УСАИД „Еднаков пристап за еднакви можности“ има за цел да го подобри квалитетот на образованието на учениците со посебни образовни потреби во основните училишта, преку користење асистивна (пристапна) технологија во редовниот наставен процес. УСАИД инвестира 200 илјади долари за поддршка на проектот./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Божиновска и Колумбија: Продлабочување на соработката за зелена транзиција и јакнење на жените и младите
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со Рита Колумбија, постојан координатор на Обединетите нации во Северна Македонија.
На средбата беше разговарано за унапредување на соработката во рамки на Рамката за соработка меѓу Северна Македонија и Обединетите нации за одржлив развој 2026–2030, со посебен фокус на приоритетите поврзани со енергетската транзиција, климатската акција, заштитата на животната средина и одржливото управување со природните ресурси.
Посебно внимание беше посветено на Стратешкиот приоритет „Отпорно и зелено општество и екосистеми“, кој предвидува јакнење на институционалните капацитети, унапредување на климатската отпорност, намалување на ризиците од катастрофи и промоција на чиста и одржлива енергија.
Министерката Божиновска истакна дека Министерството останува силно посветено на исполнување на националните и меѓународните обврски во рамкии на енергетската транзиција и праведниот развој, нагласувајќи ја важноста од партнерството со меѓународните организации како клучен поддржувач на реформските процеси.
Во рамки на средбата беше нагласена и досегашната активна соработка меѓу двете институции и заедничките активности на министерката Божиновска и постојаната координаторка на Обединетите нации, Колумбија, во насока на јакнење на улогата на жените и младите во креирањето политики и лидерството во енергетскиот сектор.
Двете соговорнички се согласија дека инспирирањето и охрабрувањето на младите и жените да бидат двигатели на промените претставува основа за одржлив развој.Дополнително, беше разговарано за можностите за реализација на нови заеднички проекти и иницијативи и во иднина,
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе продолжи активно да соработува со меѓународните партнери во насока на градење поотпорно, поинклузивно и поодржливо општество, во кое никој нема да биде изоставен.
Македонија
Објавен јавен повик за субвенции за чистење на оџаци во Општина Гази Баба
Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
„Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина“, вели Стефковски.
Висината на субвенцијата е 1.200 денари по домаќинство.
Право на учество имаат жители на општина Гази Баба; Домаќинства со исчистен оџак во периодот од објавата на повикот до 30.11.2026; Со фискална сметка и потврда од овластена фирма.
За аплицирање потребно е да се достави барање со потребната документација во архивата на Општина Гази Баба, ул. „Архимедова“ бр.2, секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот.
Повеќе информации и формулари на линкот од јавниот повик.
Македонија
Средба Милошоски – Клајн: Поддршка од Унгарија кон нашите ЕУ интеграции
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија, Андраш Клајн, придружуван од заменик-шефот на Мисијата, Атила Фодор.
Во разговорот беа потенцирани одличните билатерални односи на нашата земја со Унгарија, засновани на меѓусебна доверба, почит и соработка. Посебен акцент беше ставен на економската и политичката соработка помеѓу државите, како и реализацијата на заеднички проекти.
Амбасадорот Клајн ја истакна поддршката на Унгарија кон нашите ЕУ интеграции, истакнувајќи ја важноста на членството во ЕУ на земјите од Западен Балкан кон стабилноста, безбедноста и економскиот просперитет на Регионот.

