Македонија
Условни казни за тепачите на Кале
Основниот суд Скопје 1 пресуди условни казни против педесетина обвинети лица за учество во масовната тепачка на Калето, соопштија оттаму.
Основниот суд Скопје 1 пресуди условни казни против педесетина обвинети лица за учество во масовната тепачка на Калето, соопштија оттаму. За кривичните дела „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и „учество во тепачка“, Основниот Јавен Обвинител од Скопје до Судот против 51 обвинето лице, предложил донесување на пресуда без одржување на главен претрес за сите обвинети лица, на тој начин што на сите ќе им се изрече условна осуда со казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку обвинетите за време од две години не сторат ново кривично дело.„Судот постапувајќи по вака поднесениот обвинителен предлог донесе пресуда со која на сите обвинети лица им изрече условна осуда со утврдена казна затвор во траење од по три месеци која нема да се изврши доколку обвинетите за време од две години не сторат ново кривично дело“, соопштуваат од Основниот суд Скопје 1.Постапката за истиот случај која се води спрема шест малолетни лица е раздвоена и ќе се спроведе пред судија за малолетници, согласно Законот за малолетничка правда, како итна постапка./крај/со/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.