Контакт

Македонија

Група граѓани преку Фејсбук повикува на протест против промена на името

Објавено пред

Анонимни граѓани на Фејсбук и со писма до медиумите повикуваат на протести против промена на името, закажани за Денот на независноста на Македонија – 8-ми Септември.

dobivaj vesti na viber

Анонимни граѓани на Фејсбук и со писма до медиумите повикуваат на протести против промена на името, закажани за Денот на независноста на Македонија – 8-ми Септември.   „Ги информираме македонските медиуми и македонските граѓани дека на 8-ми Септември во 12:00 часот на Плоштад Македонија, на денот на независноста на нашата единствена татковина со протест за заштита на името на оваа држава ќе излеземе да ги потсетиме сите од обични граѓани до највисокиот државен врв дека пред можен референдум за името ние Македонците сме против било какви промени“, се вели во нивниот повик. Тие најавуваат дека во периодот од 23 август па до 8 септември на плоштад Македонија ќе биде организиран штанд „на кој на посебни формулари секој ќе може да го даде својот потпис против промена на името и за почитување на правото за национална јазична и културна самоидентификација“. „Вашите потписи потоа ќе бидат нотирани и пратени до Владата на РМ, Претседателот на РМ, Собрание на РМ, Евромисијата во Скопје, Амбасадата на САД, и грчката Канцеларија за врски во Скопје“, стои во најавата.Засега ваков штанд на плоштадот нема. Макфакс се обиде да ги контактира организаторите за планираните активности преку мејлот кој тие го оставиле, но до сега нема одговор од нивна страна. Организаторите во своите мејлови испратени до медиумите и на Фејсбук најавуваат дека наводно располагаат со 20.000 плакати и 30.000 флаери, кои ќе бидат лепени низ главниот град.„Ќе се лепи и ќе се дели по факултети, студентски домови, средни училишта, ширум скопските кафулиња, по автобуски станици, во самите автобуси итн, но за таа окупација ќе ни требаат сигурни луѓе, кои кога ќе треба ќе излезат и ќе помогнат. Со време истите ќе добијат зборно место и локација каде ќе дејствуваат“, се вели во нивниот повик. Од Министерството за внатрешни работи велат дека ги забележале ваквите акции, но засега кај нив не пристигнала никаква најава за протести на денот на одбележувањето на 20-годишнината од независноста на државата. „Ги забележавме, но до сега никој не пријавил никаква најава за протести. Тие според законот, доколку сакаат можат до 48 часа пред протестот да пријават дека ќе се организира ваков настан“, изјави Иво Котевски, портпарол на МВР. /крај/ко

Македонија

Без струја делови од Центар и Аеродром

Објавено пред

Од

Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.

dobivaj vesti na viber

„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило

Објавено пред

Од

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Објавено пред

Од

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.

dobivaj vesti na viber

На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.

СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.

Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Сестрата на Ким Јонг Ун: Надежите на Јужна Кореја за подобри односи со Северот се само илузија

Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, изјави дека надежта на Јужна Кореја за подобрени односи е...

Свет14 минути

Трамп: Сакам да победам во Иран, обожавам да победувам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе „преземе многу силни мерки“ ако иранските власти почнат да ги бесат...

Македонија30 минути

Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува

Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со...

Свет8 часа

(Видео) Премиерот на Гренланд: Ако треба да избереме помеѓу САД и Данска, ја бираме Данска

Премиерот на Гренланд изјави дека доколку неговиот народ мора да избере „тука и сега“, ќе ја избере Данска пред САД....

Европа9 часа

Поранешни вработени го обвинија Хулио Иглесијас за сексуална злоупотреба, откриени детали

Шпанскиот пејач Хулио Иглесијас е обвинет за сексуален напад од страна на две поранешни вработени, кои тврдат дека биле подложени...

Македонија12 часа

(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави...

Европа12 часа

Зеленски се обиде да го назначи поранешниот премиер за министер за енергетика, парламентот го одби

Украинските пратеници го отфрлија назначувањето на министерот за одбрана во заминување Денис Шмихал за министер за енергетика, што е ретка...

Свет13 часа

Бројот на жртви варира во голема мера: „Иран Интернешнл“ тврди дека најмалку 12.000 луѓе се убиени во протестите

Се појавуваат извештаи за илјадници жртви во немирите во Иран, што би претставувало најголем број смртни случаи во протестите од...

Свет13 часа

Каја Калас: Историјата е полна со примери за паѓање на режими, но прашањето е што следува потоа

Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, изјави дека е неизвесно што ќе се...

Македонија14 часа

Времето утре – сончево со мала до умерена облачност, максималната температура до 10 степени

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен...

Македонија15 часа

Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права

Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд...

Македонија17 часа

Утрешното судење за пожарот во „Пулс“ е одложено за 26 јануари

Судењето за пожарот во „Пулс“ што требаше да се одржи утре е одложено за 26 јануари, соопшти Кривичниот суд. Расправата...

Македонија18 часа

Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина. Според...

Македонија18 часа

МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика

Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба....

Македонија18 часа

Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став...

Македонија19 часа

Техничката влада мора да остане, велат од СДСМ

Техничката влада мора да остане. Таа е единствена шанса, единствен обид за некакви минимални услови за фер избори, велат од...

Македонија22 часа

Со паричка во погача, голем број семејства вечерва ќе ја дочекаат Старата Нова година

Според Јулијанскиот календар, по кој се водат православните христијани, вечер се дочекува православната нова година, кај народот позната уште како...

Топ23 часа

Во Кавадарци се води истрага за два случаи на сексуално насилство врз деца

Кавадаречкото Обвинителство  споведува истрага за два одвоени случаи во кои има сомненија за силување на дете кое не наполнило 15...

Свет23 часа

Словачките лидери едногласни: Крај на воената помош за Украина

Највисоките словачки функционери – претседателот Петер Пелегрини, премиерот Роберт Фицо и претседателот на парламентот Рихард Раши – потврдија единство околу...

Свет24 часа

Претседателката на Молдавија: На референдум би гласала за обединување со Романија

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изјави дека би гласала за обединување со Романија доколку тоа прашање некогаш се најде на...