Македонија
Ако Папандреу сака, спорот за името и не мора да постои, коментираат од Владата
Доста е од декларативни заложби, добро е да се затвори проблемот со името што е можно побрзо, велат извори од македонската влада, по изјавата на портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас, кој смета дека решавањето на спорот со името зависи од волјата на премиерот Никола Груевски.
Доста е од декларативни заложби, добро е да се затвори проблемот со името што е можно побрзо, велат извори од македонската влада, по изјавата на портпаролот на грчкото МНР, Григорис Делавекурас, кој смета дека решавањето на спорот со името зависи од волјата на премиерот Никола Груевски.
„Истата изјава може да се преформулира и да гласи дека доколку Папандреу сака, спорот за името и не мора да постои. Но, поентата не е да има препукувања кој сака, а кој не сака. Доста е од декларативни изјави, добро е да се затвори ова прашање што е можно побрзо“, коментираат од македонската Влада.
Делавекурас, во изјава за грчкото радио ВИМА изјави дека решавањето на спорот со името зависи од македонската Влада и од волјата на премиерот Никола Груевски. Обвини и дека Скопје води систематска негативна кампања против Грција. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

