Македонија
Аџиев: Ме обвинуваат луѓе што имаат бубачки во главата
„Тоа се луѓе кои имаат некои бубачки во главата“, вака одговара Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите (Комисија за лустрација), на обвинувањата дека спроведува своја политика во Комисијата.
„Тоа се луѓе кои имаат некои бубачки во главата“, вака одговара Томе Аџиев, претседател на Комисијата за верификација на фактите (Комисија за лустрација), на обвинувањата дека спроведува своја политика во Комисијата. Вчера двајца членови на Комисијата, Благоја Гешоски и Јанаќие Витаноски, ја напуштија седницата на Комисијата обвинувајќи го Аџиев дека применува двојни аршини, дека не прифаќа предлози и дека Комисијата работи со десеткувани податоци.„Тоа не е точно“, изјави Аџиев за Макфакс велејќи дека го обвинуваат луѓе кои не сакаат да се спроведе лустрацијата. „Тие треба да се преиспитаат“, додаде Аџиев.Во врска со обвинувањата дека не го прифаќа предлогот да се лустрираат актуелни, туку само поранешни функционери, Аџиев вели дека се работи паралелно на лустрација и на сегашните и на поранешните функционери. Комисијата за лустрација на вчерашната седница донесе решение со кое по службена должност ќе се поведе постапка за верификација на носителите на јавни функции кои не поднеле изјава до Комисијата, а законот ги обврзува на тоа. Следната седница на Комисијата, како што информира Аџиев, ќе се одржи кога лустраторите ќе ги добијат потребните материјали неопходни за проверка на податоците.Се проверуваат функционери, актуелни амбасадори и членови на МАНУ за кои Комисијата добила известување од Управата за безбедност дека нивните имиња се појавуваат во архивите на тајната полиција.Сега се проверува дали биле соработници или следени лица. Законот за лустрација предвидува оние кои соработувале со тајните служби заради личен интерес да се откажат од функцијата.крај/макфакс/мд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната кинеска амбасадорка Џианг Сјаојен
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен.
Обете изразија задоволство од квалитетот на македонско-кинеските односи, втемелени на заемна почит и разбирање.
За Сиљановска-Давкова, забрзаната интеграција во Европската Унија е македонски стратешки приоритет, а дијалогот – единствен начин за решавање на регионалните и глобалните проблеми и предизвици.
Пренесувајќи ги срдечните поздрави од претседателот Си Џинпинг и изразите на највисоко почитување од кинеската влада и народ, кинеската амбасадорка истакна дека Народна Република Кина е наш искрен, доверлив и сигурен пријател којшто ги почитува суверенитетот на македонската држава и достоинството и интегритетот на македонскиот народ.
Претседателката ги поздрави активностите на Катедрата за македонски јазик, при Универзитетот за странски студии во Пекинг.
Соговорничките препознаа неискористен потенцијал за проширување и продлабочување на соработката во економијата, образованието, културата, науката и туризмот.
Тие веруваат и го поддржуваат ефективниот мултилатерализам, чијшто центар на одлучување ќе бидат реформираните Обединети нации.
Македонија
Ѓорѓиевски најави: Вечерва почнуваат 72 часа за чистење на секој агол на Скопје
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој денеска ја презеде функцијата од неговата претходничка, Данела Арсовска, најави дека вечерва во 20 и 30 часот почнува големата акција за чистење на градот.
„Од овој ден испишуваме ново поглавје во историјата на нашиот град. Поглавје исполнето со работа, посветеност и резултати. Ветивме дека ќе работиме чесно, одговорно и без одлагање и тоа започнува веднаш! Во 20:30 часот започнува големата акција за чистење на градот. Во следните 72 часа ќе го исчистиме секој агол, секоја улица, секој запуштен простор. Скопјани повеќе нема да живеат во запуштеност ќе живеат во град достоен за нив. Тоа е она што го ветив пред вас и за што цврсто стојам!“, објави Ѓорѓиевски.
Тој, исто така, кажа дека ги отстранил и рампите кај Град Скопје.

„Ги отстранивме и рампите. Скопје повеќе нема да биде затворен град, сега е отворен и за медиумите и за сите граѓани“, објави новиот градоначалник.
Ѓорѓиевски најави и целосна ревизија на работата на градската администрација и ветува дека секој кој не ја извршувал својата работа, ќе си замине, а секој чесен, вреден и одговорен работник ќе биде награден и почитуван.
Македонија
Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Швајцарија, Кристоф Зомер
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер.
Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување.
Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и оддаде признание на Швајцарија за бројните и вредни донации во областа на заштитата на младите и жените, животната средина, како и во зајакнувањето на инклузивноста и одговорноста.
За швајцарскиот амбасадор, стоилјадната македонска дијаспора е вреден и почитуван актер во швајцарското општество.
Мултилатералната соработка, особено врзана за кандидирањето на престижни позиции двајцата ја сметаат за корисна, конструктивна и успешна.

