Македонија
Свекрва и золва крвнички тепале бремена снаа, по што абортирала
Една жителка на прилепското село Канатларци абортирала, откако била крвнички претепана од нејзината свекрва и од нејзината золва.
Една жителка на прилепското село Канатларци абортирала, откако била крвнички претепана од нејзината свекрва и од нејзината золва.Напаѓачките, кои младата невеста ја тепале со стап, тупаници и клоци, најверојатно ја исполниле целта, бидејќи за време на инцидентот ја навредувале зошто останала бремена.Како што соопшти прилепската полиција, Џ.С. (21) од с.Канатларци-прилепско пријавила дека на 20.08.2011 година во 15,30 часот во семејната куќа во с.Канатларци, настанала расправија помеѓу неа, нејзиниот сопруг М.С., нејзината свекрва Д.С. и золва Е.С. Притоа свекрвата почнала да ја удира со раце по телото , нанесувајќи и телесни повреди во пределот на стомакот. За да го избегнат нападот, младата и сопругот побегнале кај нивен роднина кој живеел во близина на нивната куќа. Д.С. и E.С. тргнале по нив и повторно ја нападнале , удирајќи ја со стап во пределот на стомакот, телото и главата Притоа Е.С. ја удирала со тупаници и клоци, навредувајќи ја зошто останала бремена и слично.Џ.С. се здобила со телесни повреди констатирани од страна на лекар и најверојатно како последица од тепањето добила крварење и го изгубила плодот. ПС-Прилеп презема мерки за расчистување на случајот./крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Лидерска средба за техничката влада, СДСМ одби да учествува
Во Клубот на пратениците денеска треба да се одржи лидерска средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.
На средбата треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања.
СДСМ одби да учествува на средбата. Левица најави присуство, како и коалициските партнери во Владата – ЗНАМ и и ВРЕДИ.
Вчера попладне, своето присуство го потврди и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја одби поканата со образложение дека се против тоа во иднина да нема техничка влада која, како што образложи е гаранција за фер избори, а дека за реформските закони ќе гласаат во Собрание.

