Македонија
ЕУ негира дека добила писмо од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Од Канцеларијата на Европската унија во Скопје, негираат дека добиле писмо, во кое пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бараат заштита заради наводен притисок кој матичната партија го вршела врз нив за да потпишуваат изјави за лојалност и бланко оставки.
Од Канцеларијата на Европската унија во Скопје, негираат дека добиле писмо, во кое пратеници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, бараат заштита заради наводен притисок кој матичната партија го вршела врз нив за да потпишуваат изјави за лојалност и бланко оставки. „Првпат слушаме за такво нешто“, изјавија за Макфакс од Амбасадата на ЕУ.Одговорот на ЕУ доаѓа откако за шест пратеници од владејачката ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи се тврдеше дека испратиле писмо до Канцеларијата на Европската унија во Скопје барајќи заштита за себе и своите семејства, „поради страв од лидерот на партијата“. Наводите беа дека во писмото пратениците, наводно, детално го објасниле целиот процес на присилување на сите кандидати пред изборите да ги потпишат понудените бланко оставки, мениците и изјавата за лојалност.ВМРО-ДПМНЕ ги негираше обвинувањата дека воопшто постојат такви меници и изјави на лојалност.крај/макфакс/мд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возиво, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.