Македонија
Ламбринидис: Јазикот не е дел од процесот во ОН
Јазикот не е дел од процесот на преговори за името во Обединетите нации(ОН), изјави денеска шефот на грчката дипломатија Ставрос Ламбринидис на прес конференција во Белград, јави Радио Слободна Европа.
Јазикот не е дел од процесот на преговори за името во Обединетите нации(ОН), изјави денеска шефот на грчката дипломатија Ставрос Ламбринидис на прес конференција во Белград, јави Радио Слободна Европа.Според него, за да се постигне компромис, потребно е Македонија да прифати географска одредница и тоа име да биде општоприфатено за сите земји.„Јас се надевам дека од страна на ФИРОМ има воља за таков компромис… Но, треба да сме прагматични и свесни дека сме пред раскрсница на голема надеж дека ќе имаме добрососедски односи во регионот“, рече Ламбринидис.Тој додаде дека доколку владата во Скопје се согласи на такво нешто, Грција е подготвена да разговара.Шефот на грчката дипломатија се наоѓа во посета на Србија, а утре треба да го посети Косово. /крај/рсе/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

