Македонија
Започна прославата за јубилејот на независноста на Македонија
Илјадници граѓани дојдоа на прославата за 20-годишнината од независноста на Македонија во центарот на Скопје.
Илјадници граѓани дојдоа на прославата за 20-годишнината од независноста на Македонија во центарот на Скопје. Небото го надлетуваат авиони со македонско знаме.
Прославата започна предмалку со обраќање на првиот парламентарец, Трајко Вељаноски пред Собранието на Македонија.
Се очекува Вељановски да ја изнесе оригиналната декларација за независност од 1991 година. Документот ќе биде преземен од страна на Гардата на АРМ и ќе биде пренесена до Музејот на македонската борба.
Прва станица на свеченото дефиле ќе биде Портата „Македонија“, низ која прво ќе поминат 1.000 деца, како симбол за иднината на Македонија. Децата, заедно со Калиопи Букле ќе изведат роденденска песна на композиторот Марјан Неќак.
Предвидено е дефилето да се упати кон плоштадот „Македонија“, каде до спомениците на Методија Андонов – Ченто, Цар Самоил, Гоце Делчев, Даме Груев, Гемиџиите и Јустинијан Први ќе стојат актери во костими од времето на кое припаѓаат историските личности.Потоа гардата ќе ја пренесе Декларацијата до новиот музеј, каде ќе му биде предадена на Претседателот Ѓорге Иванов. Во чест на поставувањето на декларацијата во Музејот, АРМ на скопското Кале ќе испука топовски плотуни.
Предвидено е, по повод отворањето на музејот, да се одржи театарски ораториум „Непокор“, илустриран со познати сцени од македонската историја. Пред музејот, припадници на АРМ ќе изведат почесна стрелба во чест на сите загинати херои за Македонија.
Централниот дел од прославата ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, каде ќе биде поставена 40 метри долга бина. Предвидено е обраќање на Премиерот Никола Груевски, по што ќе следува грандиозното пуштање во употреба на фонтаната со споменикот „Воин на коњ“. Ќе биде премиерно изведена и свечената композиција „Македонија“ од страна на дваесетина естрадни ѕвезди. Прославата ќе финишира со настап на околу 90 изведувачи на забавна и народна музика.
Поради одржувањето на централната прослава, од 16 часот, па се до доцните вечерни часови во центарот на Скопје е воспоставен посебен сообраќаен режим.
Затворени сообраќајници за движење се улица „11 Октомври“ од крстосницата кај Монополот, преку улицата „Димитрија Чуповски“ (поранешна „Вељко Влаховиќ“) до крстосницата на оваа улица со булеварот „Климент Охридски“. Потоа, ќе биде затворена улицата „Васил Главинов“ од објектот Тифани до објектот Палома Бјанка, како и улицата „Даме Груев“ по целиот нејзин потег. Затворени ќе бидат и сообраќајниците „Васил Аџиларов“ (поранешна „Моша Пијаде“) од хотелот „Холидеј Ин“ до Собранието на Република Македонија, како и делот на булеварот „Кочо Рацин“ од крстосницата Комплекс банки до крстосницата со улиците „Мито Хаџивасилев Јасмин“ и „Бихаќка“. Исто така, од десната страна на реката Вардар затворени ќе бидат улиците „11 Март“ од Вијадуктот до Камениот мост, како и улицата “Црвена скопска општина“ (кај црквата Св. Димитрија)./крај/фф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Битола објави повик за доделување финансиски средства на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од буџетот на општина Битола на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2026 година.
Право на учество на јавниот повик ќе имаат спортски клубови, спортски здруженија, спортисти во сениорски и младински категории, како и другите физички и правни лица од областа на спортот чиешто регистрирано седиште, односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на Општина Битола.
Пријавите треба да се достават до Општина Битола преку пошта на адреса; Општина Битола, Булевар 1 –ви Мај број 61, 7000 Битола или да се достават во архивата на Општина Битола од 07:30 часот заклучно со 15:30 часот до последниот ден од Јавниот оглас.
Рокот за поднесување на пријавите започнува од 25.02.2026 година и трае заклучно со 11.03.2026 година.
Пријавите од јавниот повик ги разгледува Комисијата за млади и спорт од Советот на Општина Битола и согласно критериумите ја одбрува висината на финансиската поддршка. Финансиската поддршка согласно програмата за активностите во областа на спортот и младите во Општината Битола за 2026 изнесува 2.000.000,00 денари за спортски клубови/спортски здруженија и 1.000.000,00 денари за индивидуални спортисти.
Повеќе за јавниот повик на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-zdruzenija-i-sportisti/
фото/ Depositphotos
Македонија
Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев
Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев поднел тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за како што вели, клевета и нарушување на чест и углед.
„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.
Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата.
Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави Заев на социјалните мрежи.
Македонија
Милошоски-Бунфорт: потенцирана поддршката на Унгарија кон ЕУ интеграциите
Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски оствари работна средба со Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан придружуван од Ѓула Шомоѓи, советник и Јулијана Армаш, советник, како и заменик шефот на мисијата Атила Фодор.
На средбата беше потврдена одличната македонско-унгарска соработка и подготвеност за понатамошно унапредување на односите на двете држави во повеќе области. Беше потенцирана заложбата за интензивирање на соработката во економската област преку реализирање на заеднички проекти, како и зближување на двата народа преку зајакнување на пријателските односи и културната размена.
Специјалниот претставник за Западен Балкан Бунфорт, ја потенцираше поддршката на Унгарија кон македонските ЕУ интеграции, истакнувајќи дека членството во ЕУ не претставува награда, туку признание за реформските напори и остварениот напредок во изминатиот период.

