Македонија
Иванов испрати писмо до Обама: Ужасните настани не смеат да бидат заборавени
Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, по повод годишнината од нападите на 11 септември 2001 година, упати писмо до Претседателот на Соединетите Американски Држава, Барак Обама.
Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, по повод годишнината од нападите на 11 септември 2001 година, упати писмо до Претседателот на Соединетите Американски Држава, Барак Обама.
„Токму на десетгодишнината од терористичките напади кои не ја потресоа само Вашата голема нација, туку, исто така и срцата и мислите на сите слободољубиви демократии во светот, би можел единствено да се придружам кон единственото чувство дека ужасните настани од тој кобен ден не смеат никогаш да бидат заборавени. Чувството на ужас, страв и тага никогаш нема да избледи во заборав. Мора да остане запаметено како лекција, но и како поттик за солидарност и единство меѓу слободните држави во нивната борба против злото“ се вели во писмото.
Понатаму Иванов пишува дека Македонија и нејзиниот народ ќе продолжи да ги подржува американските напори за одбрана на слободата, демократијата и човековите права во светот со истата одлучност како досега./крај/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

