Македонија
Тековно одвивање на сообраќајот низ државата
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, по суви и чисти коловози.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно, по суви и чисти коловози.
На возачите им препорачуваме внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Почеста е појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, каде препорачуваме крајно внимателно возење, и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Од 12.08.2011 година започна реконструкција на автопатот Е – 75 од Катланово до Велес. На повеќе места се изведуваат работи на пат, асфалтирање и други поправки на коловозот, за што има поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Препорака за возачите кои ќе го користат овој патен правец да бидат крајно внимателни, да ја намалат брзината на возење, бидејќи на повеќе места ги очекува движење на работници и градежни машини.
Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.
На граничните премини со соседна Грција денес во 07.00. часот треба да бидат отстранети блокадите на грчките цариници.
На останатите гранични премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата. /крај/амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во целосен прекин патниот правец Демир Капија – Смоквица
Од 15:50 часот патниот правец А1 Демир Капија – Смоквица е во целосен прекин и сообраќајот се пренасочува по алтернативниот патен правец Р 1102, информира АМСМ.
Активни забрани за тешки товарни возила има на:
– Гостивар – Маврово-Дебар
– Гостивар – Стража-Кичево
– Пресека
– Плетвар
– Ѓавато
– Струга – г.п. Ќафасан
– М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
– Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЈП Македонија пат во текот на целиот ден врши расчистување на снегот на државните патишта со сите технички и човечки ресурси и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од Министерството за транспорт.
„Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Сите детални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат од дежурните служби на ЈП Македонија пат на телефонот 02 25 61 502“, се наведува во соопштението на Министерството.
Македонија
(Видео) Отежнати услови за возење на Плетвар, снегот продолжува да паѓа
Отежнати се условите за возење на Плетвар. Видеата кои ни ги испрати репортерот на „Макфакс“ од терен покажуваат дека механизацијата активно го чисти патот, а снегот не престанува да паѓа.
Според последните информации од АМСМ, активни забрани за тешки товарни возила има на:
– Гостивар – Маврово-Дебар
– Гостивар – Стража-Кичево
– Пресека
– Плетвар
– Ѓавато
– Струга – г.п. Ќафасан
– М.Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос
– Тетово – Попова Шапка (за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема)
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
ЈП Македонија пат во текот на целиот ден врши расчистување на снегот на државните патишта со сите технички и човечки ресурси и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од Министерството за транспорт.
„Апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Сите детални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат од дежурните служби на ЈП Македонија пат на телефонот 02 25 61 502“, се наведува во соопштението на Министерството.
Македонија
Во расчистување на магистралните и регионални патишта ангажирани се и компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат
ЈП Македонија пат во текот на целиот ден врши расчистување на снегот на државните патишта со сите технички и човечки ресурси и ги одржуваат сите патни правци проодни, велат од Министерството за транспорт.
„По интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат, сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот.
Исто така во расчистување на магистралните и регионални патишта ангажирани се компании кои соработуваат со ЈП Македонија пат, како навремено би се справиле со снежните наноси.
Повторно апелираме до сите возачи да ги почитуваат законските одредби за одвивање на сообраќај во зимски услови и задолжително да поседуваат зимска опрема за возилата, внимателно да управуваат со возилата, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, како и да ги почитуваат препораките од сообраќајните служби особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Информираме дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива во зимски услови и затоа препораките се да се следи временската состојба посебно оние граѓани кои планираат да патуваат за навреме да се информираат од сообраќајните служби за условите на патиштата.
Сите детални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат од дежурните служби на ЈП Македонија пат на телефонот 02 25 61 502“, се наведува во соопштението на Министерството.