Македонија
Сивус – едукативниот центар стана Златен CompTIA партнер

Сивус едукативниот и развоен центар (СЕДЦ) се стекна со статус Златен партнер на CompTIA, водечки провајдер за сертификација на ИТ професионалци од целиот свет.
Сивус едукативниот и развоен центар (СЕДЦ) се стекна со статус Златен партнер на CompTIA, водечки провајдер за сертификација на ИТ професионалци од целиот свет.
CompTIA е водечки провајдер на висококвалитетна и вендор-независна програма и сертификација за ИТ професионалци од целиот свет. CompTIA работи со различни партнери со цел да им помогне на ИТ професионалците да го унапредат нивното знаење, вештини и професионални квалификации и на тој начин да ги подобрат нивото на своите остварувања на работното место.
Како партнер на CompTIA, Сивус едукативниот центар се стекна со следните CompTIA сертификати: CompTIA A+, CompTIA Network+, CompTIA Security+ и CompTIA Project+, преку кои центарот ќе може да го понуди и Linux+, кој е обезбеден од Linux Professional Institute и е унифициран со LPIC-1 Certifications.
„Ние постојано ги следиме потребите на ИТ индустријата и внесуваме нови курсеви кои се барани од индустријата, како што се развој на апликации за Android и iPhone, ембедед софтвер, и слични услуги во чекор со новите технологии. Партнерството е уште еден доказ дека Сивус центарот се фокусира на комплетна понуда на услуги кои ќе ги задоволат и надминат очекувањата на нашите клиенти”, вели Соња Јовановска, генерален менаџер на Сивус едукативниот и развоен центар./крај/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Независниот синдикат на полицијата најави протест: Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата

Независниот синдикат на полицијата денеска со почеток од 12.00 часот на раскрсницата Мавровка кај судовите ќе одржи полициски протест.
„Полициската плата е составена од основна плата и зголемување од 30%. Основната плата на полицијата не може да биде под минималната плата во државата. Бараме воедначување на судската пракса на апелациониот суд Скопје со Апелационите судови од Битола и Гостивар кој го потврдуваат нашето барање. Протестот ќе започне пред судовите, ќе се одржат кратки говори и ќе се упатиме пеш кон судскиот совет“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
Од таму најавија и прес-конференција исто така на раскрсницата кај Мавровка во 12.15 часот.
Македонија
Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот дел од корисниците од село Кучково кон Манастир, општина Ѓорче Петров;
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот дел од корисниците на улицата Гаврил Констатиновиќ (околу бр.57), општина Аеродром;
· Во периодот од 09:00 – 10:00 часот корисниците од улицата Алексо Демниевски 17, 11 и други куќи во близина, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Времето во наредните денови
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд.