Македонија
Кошаркарите утре триумфално ќе поминат низ Портата Македонија
Членовите на македонската кошаркарска репрезентација утре ќе бидат организирано пречекани на скопскиот аеродром „Александар Велики“, додека централниот собир ќе се одржи на Плоштадот „Македонија“, информираат од Агенцијата за млади и спорт.
Членовите на македонската кошаркарска репрезентација утре ќе бидат организирано пречекани на скопскиот аеродром „Александар Велики“, додека централниот собир ќе се одржи на Плоштадот „Македонија“, информираат од Агенцијата за млади и спорт.
Предвидено е во 09:00 часот вкупно 20 автобуси организирано да се упатат од паркингот на спортскиот центар „Борис Трајковски“ кон аеродромот, каде во 11:30 часот се очекува пристигнувањето на македонските кошаркари.
Членовите на репрезентацијата со двокатниот панорамски автобус на ЈСП ќе се упатат кон Скопје. Прва нивна станица ќе биде ТЦ Бисер во Аеродром во 12:30 часот. Потоа автобусот во 13:00 часот ќе застане пред зградата на Народната Банка, а откако ќе помине низ Портата Македонија, автобусот со кошаркарите ќе застане на плоштадот Македонија, кај споменикот „Воин на коњ“.
На плоштадот ќе се одржи централната прослава по повод успехот на нашите репрезентативци на Европското првенство во Литванија. /крај/макфакс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

