Македонија
Новинарите не влегле во судница оти немало просторни услови
Откако на дел од новинарите не им беше овозможено да го следат судскиот процес против лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, од Основниот суд Скопје 1 објаснуваат дека дел од новинарите не влегле во судницата
Откако на дел од новинарите не им беше овозможено да го следат судскиот процес против лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, од Основниот суд Скопје 1 објаснуваат дека дел од новинарите не влегле во судницата поради ограничените просторни можности во судницата.
„Главниот претрес по наведениот предмет е јавен, меѓутоа поради ограничени просторни можности во судницата, судењето можат да го следат ограничен број на лица. Во судницата имало места само за дел од претставниците на медиумите кои сакале да присуствуваат, поточно судницата веќе била преполна од веќе влезените роднини, спроводници од затворот, претставници од странски амбасади, невладини организации и новинари, па условите за работа на судот и странките, би се отежнале доколку се дозволело влез на преостанатите новинари, поради што судската полиција не дозволила влез на истите“ соопштуваа од Основниот суд Скопје 1.
Од таму појаснуваат дека предметите за кои има поголем интерес за следење најчесто се одржуваат во Сала 1, но денеска оваа сала била зафатена со судење на предмет од областа на организираниот криминал и корупција во која имало повеќе обвинети и бранители.
„Судењето за предметот, во јавноста познат како “Кампања“, се одржал во судница која за жал не располага со доволен број места за сите заинтересирани да го следат претресот. Напоменуваме дека неточни се обвинувањата на некои медиуми дека селективно се пуштале новинари на одредени куќи, а на одредени не им бил дозволен влез во судницата и апелираме во иднина да не се изнесуваат невистини од овој тип, особено да се има повеќе разбирање за просторните и технички ресурси со кои располага судот.“ се вели во соопштението./крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нов живот, нова надеж, малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави Ѓорѓиевски
Малата Евгенија е првото родено бебе во Скопје, објави на социјалните мрежи градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски по посетата на мајката и го поздрави доаѓањето на новиот живот како симбол на надеж и радост.
„Точно на полноќ, кога новата година ги отвори своите врати, Скопје ја пречека најубавата вест – се роди Евгенија Камчева, првото бебе во нашиот град.
Нов живот, нова надеж и силен симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината.
Нека расте жива и здрава, среќна со своите родители, со успеси што ќе ја водат напред и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности.
Нека расте во здраво и среќно општество, во град што ќе ѝ овозможи да сонува, да напредува и да верува.
Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост“.
Нека секое новородено дете биде наша заедничка надеж и обврска, да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество, напиша Ѓорѓиевски.
„Тоа е нашата должност и наша најголема одговорност.
Искрени честитки до мајката Емилија.
Посакувам здравје, среќа и многу успеси.
Добредојде, Евгенија. Ти си најубавиот почеток на новата година“.
Македонија
Денеска сончево и студено, од сабота облачно со повремени локални врнежи од дожд, снег на повисоките населени места
Времето во текот на денот, претежно сончево и студено, ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно ојужен правец, а температурата ќе биде во пораст.
Македонија
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба: СДСМ оддаде почит на ликот и делото на Киро Глигоров
По повод 14 годишнината од смртта на првиот претседател на независна и суверена Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ, во состав: Љупчо Фармаковски организациски секретар, Рената Младеновска – членка на Извршниот одбор и Симона Цветановски – членка на Извршенодбор, оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговото вечното почивалиште.
„Со длабока почит се сеќаваме на еден од најголемите државници во нашата историја, човекот кој со својата мудрост и визионерство ги постави темелите на современата и независна македонска држава.
Наследството на Глигоров е патоказ за нашата борба.
Вечна слава на претседателот Глигоров – Таткото на нацијата и вечна инспирација за сите нас“.

