Македонија
Повторно протести за Мартин Нешковски
Со повици „Стоп за полициска бруталност“, „МВР под истрага,“ група млади луѓе, по неколку месеци пауза, повторно излегоа на протест да бараат правда за Мартин Нешковски, момчето кое беше претепано до смрт додека се славеше изборната победа.
Со повици „Стоп за полициска бруталност“, „МВР под истрага,“ група млади луѓе, по неколку месеци пауза, повторно излегоа на протест да бараат правда за Мартин Нешковски, момчето кое беше претепано до смрт додека се славеше изборната победа.
Протестниот марш започна во 17 часот пред спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“, продолжи пред Собранието, потоа пред Основното јавно обвинителство, а заврши пред Основниот суд Скопје 1.
Демонстрантите бараат да добијат обвинителен акт и да се знае, што точно се случило таа кобна вечер.
„Истрагата трае повеќе од три и пол месеци, со ова сакаме да ја забрзаме правдата за Мартин. Тоа е основната причина зошто сме излезени, да се забрза судскиот процес, истрагата конечно да заврши, да добиеме обвинителен акт и да знаеме што точно се случило таа кобна вечер“ изјави еден од демонстрантите, Воислав Стојановски.
Мартин Нешковски беше претепан до смрт додека се славеше изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, вечерта на 5 јуни на плоштадот Македонија. За смртта на момчето се дозна по два дена од неговата смрт, кога осомничениот за убиството, Игор Спасов се пријави сам во полиција.Минатата недела во медиумите се појавија информации според кои, Спасов дал исказ пред истражниот судија во кој тврдел дека фатален за смртта бил падот на момчето кога во обид да му избега на полицаецот се сопнал на кабел и со лицето удрило на плочникот. Од судот официјално велат дека истрагата е завршена и дека предметот е предаден во Јавното обвинителство./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.