Македонија
СМК: Дискриминација на Македонците од ЕУ

Македонците не се фрустрирани и гневни, туку дискриминирани и навредени од изоставувањето на придавката македонски во Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија.
Македонците не се фрустрирани и гневни, туку дискриминирани и навредени од изоставувањето на придавката македонски во Извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија.Со ваква реакција излезе Светскиот Македонски Конгрес (СМК), оценувајќи дека изоставувањето на придавката македонски е спротивно на стандардите на Обединетите Нации. „На овој начин Брисел демонстрира сервилност кон барањето на Атина за промена на државното име на една суверена нација Македонија“, се вели во соопштението.СМК смета дека токму воспоставената практика на изоставување на придавката македонски од страна на бриселската бирократија, не претставува никаков конзистентен пристап на Европската Унија.„Македонија ќе продолжи со политичките и економските реформи, не заради туѓи и други интереси, туку заради потребите на своите граѓани“, стои во реакцијата.СМК смета дека Европската Унија мора да и’ укаже на грчката страна дека врзувањето на членството на Македонија во ЕУ со нејзиното државно име не е европско решение и е во спротивност на духот и принципите на демократијата, основните слободи, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и достоинство.„За Македонците е неприфатливо членството во Европската Унија доколку условот е промена на државното име Македонија, промена на името на македонскиот народ и промена на името на македонскиот јазик“, стои во соопштението. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Ќе ме прогласат за конзервативен, но за мене создавањето семејство е патриотизам, следната година ќе има поробусна акција од сегашната

Уште поробусна акција за подобрување на демографската слика на земјава најави премиерот Христијан Мицкоски за следната година во споредба се сегашното удвојување на бројот на бесплатни инвитро-оплодувања од три на шест. Одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на булевар во Неготино тој кажа дека се бадијала сите проекти доколку не се работи на демографијата.
„Главен предизвик за годините и децениите што следат пред нас е демографијата и демографската слика. Јас многупати за тоа сум зборувал и ќе продолжам да зборувам и ќе бидам многу гласен бидејќи бадијала ни се и овој асфалт и овие натпатници, потпатници, паркови и се што правиме ако немаме дечиња кои ќе ги користат, ако немаме потомство кое понатаму сето ова ќе го ужива и ќе додаде квалитет во нивниот живот. Ние можеме да реновираме безброј градинки и да направиме училишта во рамките на нашите можности, се разбира, но ако немаме дечиња кои ќе бидат таму тогаш сето тоа ни е залудно“, рече премиерот Мицкоски.
За него создавањето семејство и потомство, меѓудругото, е патриотски чин.
„Некои може ќе ме прогласат и за конзервативен некои може ќе ме прогласат за човек кој можеби живее во минатото, јас мислам дека демографијата, потомството, дечињата, создавањето семејство е патриотски чин. И денеска така се брани иднината на Македонија и на македонскиот народ и иднината на македонските граѓани. Ценам дека овие двојно зголемени бесплатни шест ин витро процедури, за разлика од минатото кога беа три, се во таа насока. Но не застануваме тука, продолжуваме и понатаму така што во годината која што следи ќе имаме, би рекол, многу поробусни акции кои ќе значат подобрување на демографската слика на Македонија“, најави премиерот Мицкоски.
Земјава последнава деценија бележи загуба на природниот прираст од над 8.000 лица годишно, односно имаме повеќе умирања отколку раѓања. За да се стимулираат раѓањата Владата предложи, а Собранието веќе го изгласа законот со кој бесплатните инвитро-оплодувања од досегашните три обиди се зголемија на шест обиди, а се скрати и процедурата за одобрување на поднесените барања од три месеци, колку што се чекаше досега, на две недели.
Македонија
Грета Тунберг во Тетово

Шведската активистка Грета Тунберг вчера беше во Тетово, во посета на Општествено-културниот центар Тетово, објавија од организацијата.
Тунберг ја посетила и новата локација на Центарот која се спрема со заеднички волонтерски ангажман кој се реализира со поддршка од меѓународни партнери од Белгија, Косово, Црна Гора и од Босна и Херцеговина.
Новиот простор ќе биде отворен утре со почеток од 18 часот.
Пред да пристигне во Македонија, Тунберг учествуваше на протест во главниот град на Албанија, Тирана, каде што на плоштадот Скендербег се обрати пред многу граѓани. Таа тогаш повика на итен прекин на израелската опсада врз Газа и остро ја осуди.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари

Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за 18 месеци ги зголемува за 7.000 денари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Јована Тренчевска од СДСМ.
„СДС и Тренчевска продолжуваат да манипулираат со бројки, но фактите говорат сосем спротивно.
Методологијата на Тренчевска на пензионерите им ги зголеми пензиите за 138 денари во време на КОВИД пандемија кога поради нивната лоша економска политика инфлацијата беше над 20%.
Да потсетиме дека кога СДС и Тренчевска беа на власт пензионерите секојдневно протестираа по улиците и пред владата, а нивните барања беа токму за линеарно покачување на пензиите.
СДС и Тренчевска тогаш немаа слух за пензионерите, ги донесоа до раб на егзистенција и не им овозможија достоинствен живот каков што заслужуваат.
Пензионерите сега веќе имаат партнер во оваа Влада која ги слуша им ги решава проблемите, им го вреднува вложениот труд и овозможува достоинствено да живеат.
За неполна година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, пензиите веќе се зголемија за пет илјади денари, а од септември и март следи друго покачување од по илјада денари. Само за 18 месеци пензиите на сите пензионери линеарно ќе се покачат за 7.000 денари“, пишува во реакцијата.