Македонија
Наместо да платат сметка, го претепале келнерот
Петмина гости во едно кафуле во Куманово ноќеска откако консумирале алкохол, наместо да ја платата сметката за испиеното, го претепале келнерот и побегнале од локалот.
Петмина гости во едно кафуле во Куманово ноќеска откако консумирале алкохол, наместо да ја платата сметката за испиеното, го претепале келнерот и побегнале од локалот.Како што соопшти денеска МВР, инцидентот бил предизвикан во кафе бар „Џарто“ од страна на Г.А., С. К., М. А. и уште две други лица.Тие кога дошол келнерот со намера да им наплати за испиеното физички го нападнале удирајќи го со стаклени шишиња и тупаници во пределот на главата и телото, по што избегале од кафе барот. На нападнатиот М.Д. му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Куманово, при што му биле констатирани телесни повреди, а кумановската полиција презема мерки за расчистување на случајот. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ обвинува: 2.000 тони жито од стоковите резерви завршиле на црн пазар во соседна земја за време на владеењето на СДСМ
На денешната прес-конференција, Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ обвини дека за време на владеењето на СДСМ, поранешните функционери Зоран Заев, Венко Филипче и Љупчо Николовски дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните стокови резерви, во вредност од околу 800.000 евра, да се најдат на црн пазар во една соседна држава.
Андоновска изјави дека житото постоело и било употребливо, но поранешниот директор Димковски и уште четири лица составиле записник во кој било наведено дека недостигаат околу 2.000 тони. Според неа, тој записник бил усвоен на владина седница без дополнителни проверки од страна на тогашните носители на функции Заев, Филипче и Николовски.
Таа постави низа прашања поврзани со нивната улога, меѓу кои дали биле свесни за, како што го нарече, криминалот во Агенцијата за стокови резерви и дали Димковски делувал со нивна насока или дозвола.
Андоновска додаде дека, според тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ, владеењето на СДСM било проследено со криминални и коруптивни практики, при што дел од државните резерви завршувале на црни пазари наместо да бидат на располагање за потребите на граѓаните и земјоделците. Таа порача дека мора да има правда и одговорност и за првиот ешалон на претходната власт.
Македонија
Герасимовски на средба со Стопанската комора Македонија–Турција: Заеднички проекти за развој на општината
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски оствари средба со Стопанската комора на Македонија–Турција (MATTO), на кој се разговараше за можности за заеднички проекти и развој на Општина Центар.
На средбата претставниците на MATTO му упатија честитки по повод именување на функција градоначалник со втор мандат на Општина Центар.
„Соработката со MATTO ќе донесе нови можности за развој на Општина Центар”, изјави градоначалникот на денешната средба со претставниците на Стопанската комора на Македонија–Турција (MATTO)
Двете страни ја потврдија подготвеноста за унапредување на соработка преку иницијативи и проекти кои ќе придонесат за економскиот и општествениот развој на општината. Турските инвеститори и македонските компании во рамки на MATTO изразија интерес за партнерства што ќе создадат нови развојни можности и ќе ја зајакнат локалната економија
Македонија
Фатени со пари и список од врата до врата – двајца охриѓани пријавени за изборен поткуп
Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против Р.А.Д. (50) и Ј.С. (44) од овој град, поради сомнение за кривичното дело поткуп при избори и гласање.
Според полицијата, на 19 октомври, за време на локалните избори, двајцата биле затекнати како се движат од куќа до куќа со пари и список што содржел лични податоци и адреси на жители со избирачко право во Охрид. На евидентирани лица им нуделе и делеле парични средства, со намера да ги придобијат да гласаат во корист на кандидат за градоначалник на една политичка партија.
По целосно документирање на случајот, пријавата е поднесена до надлежен орган за понатамошна постапка.

