Македонија
Катар најави отворање на амбасада во Македонија
Отворање на амбасада на Катар во Македонија најави денеска Емирот на Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани на средбата со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов во Скопје.
Отворање на амбасада на Катар во Македонија најави денеска Емирот на Катар, Шеик Хамад Бин Калифа Ал Тани на средбата со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов во Скопје.Како што е соопштено до кабинетот на Иванов, на средата било оценет дека овој чин многу позитивно ќе се одрази на развојот на билатералната соработка.За време на средбата било изразено задоволство од блиските билатерални односи меѓу двете држави и биле разгледани можности за натамошно интензивирање на соработката во повеќе сфери.Македонскиот претседател и Емирот на Катар ја искористиле можноста за размена на мислења за состојбите во регионите на Југоисточна Европа и на Блискиот Исток. „Двајцата соговорници со задоволство заклучија дека, со денес потпишаните билатерални договори, сериозно унапредената правна рамка помеѓу државите ќе отвори нови перспективи за интензивирање на соработката, особено на економски план, како и на планот на образованието, културата, и во сите останати сфери“, стои во соопштението. На средбата биле разгледани можностите за привлекување на катарските инвестиции во Македонија, а на Eмирот му биле презентирани поволностите кои Македонија ги нуди за странските инвеститори. „Особено беа разгледани секторите енергетика, финансискиот сектор, туризмот, производството на храна и на вода. Беа разгледувани можностите за вклучување на градежната оператива на Република Македонија во претстојните крупни проекти планирани во Катар“, стои во соопштението. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерот – глумец контра правата на културните работници, велат од Левицата
Министерот за култура, Зоран Љутков е тотално отсутен и очигледно незаинтересиран за условите и правата на своите довчерашни колеги – културните работници. Веднаш по стапување на функција, тој го сврте грбот на сѐ што значи култура во Република Македонија, реагираат од Левица.
„Министерот очигледно не ги разликува колективните договори, нивната важност и примена. Му укажуваме дека Колективниот договор за култура не е еден од најдобрите во Република Македонија, напротив далеку од тоа. Истовремено, Општиот Колективен договор за јавниот сектор, кој е донесен подоцна, важи за сите вработени во културните институции и неговите одредби задолжително се применуваат.
За на јавноста да и биде појасно, најголем проблем со испразнетите буџети произлегува од членот во Општиот колективен договор кој предвиде зголемување на платите на културните работници од 10 проценти, почнувајќи од септември 2023 година. Министерството за култура најпрвин го имплементираше ова право и ги зголеми платите за подоцна да донесе решенија со кои истотот зголемување го суспендираше..
За да биде поуверлив во своите настапи, министерот-глумец дури сам си ги спонзорира на социјалните мрежи своите настапи од собраниската говорница, нешто налик на самопромоција, имајќи во предвид декана културните работници повеќе не им се интересни неговите улоги“.
Ароганцијата, додават од оваа партија, оди дотаму што министерот јавно коментира судски одлуки од собраниска говорница и тоа, како што велат, на неправосилни пресуди кои културните работници ги добија во прв степен. „
Но, познавајќи го карактерот на владеачката партија и нејзините тесни врски со судството, сосем е можно повисоките судови да ги укинат првостепените пресуди, а не да ги поништат како што тврди неинформираниот министер.
Но, самиот факт што министерот за култура ги изложи своите колеги на судски процеси треба да му биде јасена слика дека води политика спорот на интересите на културата и културните работници. Да не заборавиме и дека министерот ги остави културните работници без плата за време на празниците, без никакво соопштение или објаснување“.
Левица го повикува министерот, како што истакнуваат, да се вразуми и конечно да ги заштити стекнатите права на културните работници.
Македонија
Утре прекинато водоснабдување во делови од Центар и Чаир
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (Среда) имаат планирани два зафати во водоводната мрежа и тоа:
· поради уличен дефект на ул.Адам Мицкиевиќ бб (пред ОУ „Киро Глигоров“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Адам Мицкиевиќ-вклучително и основното училиште, дел од Козара и дел од Васил Ѓорѓов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Центар)
· поради уличен дефект ф-225м на ул.Отокар Кершовани бб , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Отокар Кершовани,вклучително Амбуланта „Бит Пазар“, Петре Георгиев и Чаирска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.(општина Чаир)
Македонија
Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност
Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ, потенцираме дека Министерството за здравство нема директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност, истакнуваат од таму.
„Од Медицинскиот факултет сме информирани дека научно-истражувачката работа која е поврзана со биолошки материјал кој во себе содржи генетски карактеристики е предмет на ригорозно нормативно регулирање, како што е Закон за научно истражувачка дејност, Правилник за клинички испитување, Упатство за начинот на постапување при трансфер и транспорт на биолошки материјали, како и начинот на пакување и обележување биолошки материјали.
Дополнително потенцираме дека во посочениот временски период законската обврска за чување на оваа документација била 15 години, а од 2018 наваму законската обврска за чување на документацијата е 25 години.
Постапката за транспорт на ткива во тој временски период се состоела од: Информирана согласност на семејството, по што следувала одлука од Етичка комисија за истражување кај луѓе, за постапката да продолжи со дозвола за извоз на ткива од тогашно Биро за лекови, во кое прецизно се наведува дека ткивото е за научноистражувачка дејност и за кои цели се користи материјалот.
Дополнително појаснуваме дека кога се работи за извоз на биолошки материјал, пред да отпочне самата постапка, потребно е меѓу научните институции во земјава и странство, кои бараат одобрени за извоз на биолошки материјал, да постои склучен формален договор (меморандум), каде се наведени и прецизирани детални протоколи согласно денешната регулатива и нормативна рамка – строго определени услови каде се прецизно се третира секое постапување со биолошкиот материјал, како и зошто се спроведува истражувањето, децидно да биде наведено постапувањето со биолошкиот материјал, како што се земањето, транспортот, примањето од установата и натамошното постапување“.

