Македонија
Сертификати на припадници на АРМ според стандарди на НАТО
Свеченост по повод доделувањето на сертификати на оценетите декларирани единици на АРМ, четата за длабинско набљудување од составот на Полкот за специјални операции и четата на Воена Полиција
Свеченост по повод доделувањето на сертификати на оценетите декларирани единици на АРМ, четата за длабинско набљудување од составот на Полкот за специјални операции и четата на Воена Полиција, според Концептот на оперативни способности од НАТО, ќе се одржи денеска во касарната Илинден во Скопје.
За подготовка на единиците за учество во мисијата во ИСАФ во Авганистан, АРМ ја користи програмата за оценување и повратни информации според Концептот за оперативни способности.
Целта на оваа програма е да ги подобри и оцени нивоата на интероперабилност и воените способности на единиците од Партнер земјите, со цел да ја зголеми оперативната врска помеѓу Алијансата и партнерите кои учествуваат во НАТО предводените операции.
За достигнувањата кои ги постигнаа единиците на оценувањето, што се изврши на вежбата „Балкански Блесок“ во октомври минатата година, на годишната конференција на НАТО, која се одржа во септември 2011 година, во Сараево, Босна и Херцеговина, беа доделени и овие сертификат за способноста на единиците да учествуваат во операции предводени од НАТО, и истите се уште едно признание за бројните задачи кои припадниците на Армијата на Република Македонија успешно ги реализираа.
Сертификатите ќе ги врачи Заменикот на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Насер Сејдини, а на свеченоста ќе присуствуваат и Советникот на НГШ на АРМ, генерал- мајор Зоран Димов и командантите на единиците на кои ќе им бидат доделени сертификатите.
За среден пешадиски баталјон од составот на 1.мпбр, сертификатот ќе биде доделен денеска напладне во касарната „Јане Сандански“ во Штип. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

