Македонија
27 лица починати, нови 333 случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 3.022 тестирањe, а регистрирани се 333 нови случаи на Ковид-19:
Скопје – 206, Гостивар – 33, Куманово – 19, Кичево – 13, Струга – 10, Струмица и Дебар – по 9, Прилеп – 7, Тетово, Кавадарци и Охрид – 5, Битола, Кочани и Свети Николе – по 2, Велес, Гевгелија, Радовиш, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 1.Регистрирани сe 367 оздравени пациенти од: Гостивар – 84, Тетово – 66, Скопје – 61, Струмица – 30, Куманово – 23, Кичево – 19, Охрид – 14, Дебар – 11, Прилеп – 7, Струга и Битола – по 6, Штип – 5, Радовиш, Македонски Брод, Виница и Валандово – по 4, Кавадарци, Кочани, Свети Николе, Велес и Ресен – по 3, Крива Паланка – 2, Неготино и Дојран – по 1.
Пријавени се 27 починати лица: 8 починати лица од Скопје (54г,62г,64г, 64г,64г,65г, 69г, и 70г), 4 починати лица од Гостивар (53г,65г ,72г и 83г), по 3 починати лица од Тетово (60г,70г и 76г), Куманово (67г,72г и 73г), Кичево (68г,68г и 82г), по едно починато лице од Струмица (68г), Дебар (84г), Прилеп (69г), Струга (71г), Битола (56г), и Свети Николе (55г).
Од вкупно пријавените, 3 лица се починати во домашни, а 24 лица се починати во болнички услови.
Направени се 3.022 тестови преку: ИЈЗ-42, ЦЈЗ Скопје-34, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–0, ЦЈЗ Куманово–7, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-131, Авицена-141, Биотек-151, Систина-118, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа -0, Никоб лаб-406, ВФВ Медикал-27, Ели Медика-37, Ројал Медика – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.928.
Досега во земјата се направени вкупно 1.111.451 тестирање на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 169.202, бројката на оздравени пациенти е 152.465, на починати е 5.695, а бројот на активни случаи изнесува 11.042.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 73224, Активни 3829
Куманово 9761, Активни 708
Тетово 9494, Активни 1791
Прилеп 8497, Активни 142
Гостивар 7087, Активни 1467
Битола 6551, Активни 189
Велес 5618, Активни 123
Охрид 5335, Активни 294
Кавадарци 5304, Активни 113
Штип 5111, Активни 126
Струмица 4759, Активни 539
Струга 3321, Активни 325
Кичево 3287, Активни 546
Кочани 2910, Активни 95
Гевгелија 2240, Активни 43
Неготино 2199, Активни 13
Свети Николе 1595, Активни 59
Ресен 1327, Активни 87
Радовиш 1247, Активни 63
Крива Паланка 1240, Активни 8
Дебар 1219, Активни 198
Берово 1105, Активни 52
Делчево 1001, Активни 23
Виница 927, Активни 30
Пробиштип 805, Активни 16
Валандово 716, Активни 31
Богданци 512, Активни 18
Крушево 502, Активни 12
Кратово 417, Активни 40
Демир Хисар 409, Активни 9
Македонски Брод 407, Активни 37
Демир Капија, Активни 400 3
Пехчево 287, Активни 7
Македонска Каменица 254, Активни 5
Дојран 134, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ реагира: Ако СДСМ не ја краделе државата, минималната плата денес ќе беше и повисока
Предлог-законот на СДСМ за минимална плата од 600 евра е доказ дека доколку не ја краделе државата додека биле на власт, работниците денес ќе имале и повисока минимална плата, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека СДСМ денес поднеле предлог-закон со кој се предвидува минимална плата од 600 евра и дека во истиот навеле дека за таа мерка се потребни околу 7,5 милијарди денари, односно околу 110 милиони евра, но не објасниле од каде би се обезбедиле тие средства.
Според ВМРО-ДПМНЕ, добрата страна на предлог-законот е што, како што велат, покажува дека СДС имале можност во минатото да ја зголемат минималната плата и до 600 евра, но тоа не го направиле.
Во реакцијата се наведува и дека доколку не била дозволена злоупотреба на околу 170 милиони евра државни пари за набавка на, како што велат, канцероген мазут со кој бил загадуван воздухот, работниците денес можеле да имаат и повисока минимална плата, можеби и од 700 евра.
Од ВМРО-ДПМНЕ дополнуваат дека СДСМ и ДУИ, според нив, наместо да работат во интерес на граѓаните, гледале како да ја ограбат државата и да си ги наполнат сопствените џебови.
Македонија
Променливо облачно со повремен дожд: снег на планините и заладување во недела
Утре времето ќе биде променливо облачно, со слаб повремен локален дожд, а на планините и на повисоките места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а максималните од 7 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела, кога дождот ќе преминува во снег и во дел од пониските места.
Македонија
Јаневска: Македонија доби 8,2 милиони евра од ЕУ за спроведување на ЕРАЗМУС програмата во 2026 година
За спроведување на ЕРАЗМУС + програмата на Европската комисија наменета за образование, обука, млади и спорт, Македонија годинава доби најголем буџет откако во истата учествува како програмска земја. Со речиси 8,2 милиони евра ќе се финансираат заеднички проекти на македонските образовни установи, институции и граѓански организации со партнери од земјите во ЕУ, како и кратки истражувачки и студиски посети.
Можностите за вмрежување, приоритетните области, постапката за изработка и роковите за аплицирање со проекти денес беа претставени на конференција на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во присуство на ректори на јавните и приватните високообразовни установи во државава, претставници на училишта, граѓански здруженија и други потенцијални корисници на средства во рамки на ЕРАЗМУС програмата, се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.
На конференцијата беше посочено дека во фокусот на програмата се младите, односно јакнење на нивното знаење и вештини во границите на ЕУ, со кои потоа ќе придонесат за развој на сопствената држава.
Министерката Јаневска смета дека и оваа година ќе има ефикасна искористеност на можностите, затоа што државата има зајакната законска основа во која задолжителни компоненти се мобилноста, европската димензија и меѓународната соработка, зајакнати се и капацитетите на Националната агенција каде има ново раководство и добра внатрешна структура, а воедно и МОН како национален авторитет ги засилува механизмите за контрола на целиот процес за спроведување на програмата ЕРАЗМУС.
Таа ги повика заинтересираните кандидати да ги разгледаат можностите и со свои проекти да аплицираат на повиците за распределба на средства, што Националната агенција ќе ги објави на 19 февруари, односно на 5 март.
Македонија е дел од ЕРАЗМУС програмата уште од нејзиното воведување од страна на Европската комисија во 2014 година, кога буџетот изнесуваше 3,5 милиони евра.

