Македонија
27 Јануари, Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, пригодно одбележан во МНР
Во Министерството за надворешни работи беше одбележан 27 Јануари – Меѓународниот ден во спомен на жртвите на холокаустот.
Настанот почна со една минута молк во знак на почит кон жртвите што настрадаа само затоа што беа Евреи.
Воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ко,ј меѓу другото, ја нагласи важноста од сеќавање на холокаустот, кој не смее никогаш да се повтори, како и потребата од учење на лекциите што произлегуваат од тоа.
![]()
„Евреите ја платија најголемата цена на злосторничката нацистичката идеологија. Денес се сеќаваме на 6-те милиони Евреи кои не го преживеаја холокаустот. Наспроти огромните жртви, Евреите победија! ‘Ам Исраел хај’ или во превод „Живее народот на Израел“ се слуша денес на сите страни на светот, каде што живеат Евреи. Таа нивна победа над програмираното и системски спроведувано зло е и наша победа, победа на целото човештво. Таа победа е и предупредување: никогаш, никому и никаде повеќе! И, затоа, 27 јануари е датум длабоко врежан во нашата меморија. Но, не само да остане меморија, туку да биде и завет за иднината“, рече Османи.
Тој истакна дека сеќавањето, образованието и развивањето на вистинските хумани вредности на меѓусебна почит, уважување и толеранција се особено важни за превенирање оваа зло никогаш повеќе, никаде и никому да не му се повтори.
![]()
„Северна Македонија, горда на своето мултиетничко и мултикултурно општество, каде што секој граѓанин се чувствува свој на своето, независно од неговото име, потекло, јазик или вера, го чува и ќе го чува споменот на холокаустот, на 6-те милиони убиени Евреи, меѓу кои и 7.144 наши сограѓани, кои особено ќе ги споменеме повторно и на 11 март, на 80-годишнината од нивната депортација во Треблинка“, истакна министерот.
Пригодни обраќања на овој настан имаа и амбасадорките: на САД – Анџела Агелер, на Шведска – Ами Ларсон Џејн, и на Израел – Симона Франкел, како и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Слаби врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег бележиме на Попова Шапка кој во моментов не се задржуват на коловозот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање.
„Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија најрадосниот христијански празник – Божиќ. 🌟👧🧒
Во духот на празникот, секое дете доби подарок од општина Аеродром, а ние од срце им посакавме уште многу радосни мигови и безгрижно детство.
Честит Бадник и светлината што денеска ја донесоа децата нека ја осветли секоја семејна трпеза и секое срце“, порачуваат од општина Аеродром.
Македонија
(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден
По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.








