Македонија
Маглата ја намалува видливоста на патиштата
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата, утрово се одвива тековно без забрани по на места влажни коловози. Појавата на утринска магла ја намалува видливоста, на патните правци долж речните текови и низ котлините.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата, утрово се одвива тековно без забрани по на места влажни коловози. Појавата на утринска магла ја намалува видливоста, на патните правци долж речните текови и низ котлините.На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Почеста е појавата на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, каде се препорачува крајно внимателно возење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини. На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата. Од Авто-мото сојузот на Македонија потсетуваат дека од средината на август започна реконструкција на автопатот Е-75 од Катланово до Велес. На повеќе места на оваа делница се изведуваат работи на пат, асфалтирање и други поправки на коловозот, за што има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.Исто така, внимателно возење се препорачува и на патниот правец Р-418 од Струга до Дебар каде се’ уште се изведуваат работи на пат. Од минатата седмица поради санација на надвозникот на магистралниот пат М-6 на ткн „Штипска петља“ е изменет режимот на сообраќајот што на сила ќе биде до средината на ноември. Затоа, се предупредуваат да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Фокус на менталното здравје на децата и младите на „Денови на психологијата“
Комората на психолози на Република Македонија и годинава ја организира акцијата „Денови на психологијата“, соопштија од Комората. Целта е афирмација на професијата, промоција на дејноста и улогата на психологот во општеството, како и доближување на психолошката поддршка до пошироката јавност.
Под слоганот „Грижа за менталното здравје на децата и младите – градење на здрава иднина“, овогодишното издание го става фокусот на растечката потреба за рано препознавање, зајакнување и поддршка на менталното здравје на најмладите.
Комората упати јавен повик до сите психолози да се пријават за учество во реализацијата на психолошки активности што ќе се одржуваат од 1 до 10 декември 2025 година.
Агендата за „Денови на психологијата 2025“ ќе биде достапна на официјалните страници Instagram: denovinapsihologija и Facebook: Денови на психологија, каде ќе се објавуваат датумите, термините и локациите на настаните, информации за онлајн вебинарите и извештаи од реализираните активности.
Македонија
Економијата и инвестициите во фокусот – работни средби на Муцунски во Литванија
Во рамки на вториот ден од работната посета на Вилнус, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари одвоени средби со министерот за економија на Литванија, Едвинас Грикшас, и со претседателот на Конфедерацијата на индустријалци, Видмандас Јанулевичиус.
На средбите, Муцунски го претстави силниот ангажман на Владата за создавање поволна деловна клима преку атрактивни стимулации, современа регулатива и висококвалификувана работна сила. Тој истакна дека привлекувањето нови компании во клучни области како технологијата и иновациите, отворањето работни места и забрзувањето на економскиот раст и развој се врвен приоритет на економскиот ресор.
Разговорите беа насочени и кон можностите за интензивирање на економската соработка, како и кон конкретни иницијативи за унапредување на трговијата и инвестициите меѓу двете држави – на владинo и на компанискo ниво.
Македонија
Водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ е исправна и може непречено да се употребува, велат од „Водовод“ по труењето во училиштето
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје информираат дека по извршениот вонреден мониторинг, водата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во општина Карпош е целосно безбедна за употреба.
„ЈП Водовод и канализација – Скопје на ден 26.11.2025 година изврши вонреден мониторинг врз основа на пријава од ООУ Димо Хаџи Димов, општина Карпош.
Секторот за санитарна контрола зема 4 примероци од две локации (училница и кујна) од кои две за физичко-хемиска анализа и две за микробиолошка анализа.
Од добиените резултати сите примероци физичко-хемиски и микробиолошки одговараат на Правилникот за барање за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ бр.183/18), при што констатираме дека водата во ООУ Димо Хаџи Димов во општина Карпош е санитарно исправна и истата може непречено да се употребува“.

