Македонија
Македонците од Албанија со реакција за придавката „македонски“
Македонското Друштво “Илинден” од Тирана најостро реагира на бесмисленото и континуирано изоставување на придавката македонски и државното име Македонија во Извештајот на Европската Комисија.
Македонското Друштво “Илинден” од Тирана најостро реагира на бесмисленото и континуирано изоставување на придавката македонски и државното име Македонија во Извештајот на Европската Комисија.Според ова здружение, изоставувањето на придавката македонски од Извештајот е спротивно на стандардите на Обединетите Нации. „Македонците во Тирана и Албанија сметаат дека Европската Унија мора да ја отфрли негацијата на државното име Македонија, негацијата на Македонците и негацијата на македонскиот јазик, бидејќи тоа е во спротивност со основните слободи, владеењето на правото и почитувањето на човековите права и достоинство“, стои во реакцијата. Притоа се оценува дека станува збор за нецивилизирана практика на бриселската администрација, за која повеќе не би требало да има место на тлото на Европа.„Македонски јазик не е само државен јазик на Република Македонија, туку е мајчин јазик на милиони Македонци во целиот свет и на Македонците во Албанија! Македонците не живеат само во Република Македонија, туку во сите држави на Балкан и во целиот свет! Државното име Македонија не им припаѓа само на граѓаните на државата Македонија, туку на сите Македонци каде и да се!“, се вели во соопштението. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патниот правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

