Македонија
МЗ изрече дополнителна парична казна за директорите на ЈЗУ кои работеле лошо
Министерството за здравство им изрекува дополнителна парична казна во висина од 15 проценти од личниот доход, во следните два, односно три месеца за директорите на Јавни здравствени установи(ЈЗУ), кај кои биле констатирани недостатоци во работењето и кои претходно се казнети од ФЗОМ.
Министерството за здравство им изрекува дополнителна парична казна во висина од 15 проценти од личниот доход, во следните два, односно три месеца за директорите на Јавни здравствени установи(ЈЗУ), кај кои биле констатирани недостатоци во работењето и кои претходно се казнети од ФЗОМ.
Директорите на овие ЈЗУ ќе добијат и условна казна во времетраење од два, односно три месеци, период во кој ќе се изврши повторна контрола од службите на МЗ и ФЗОМ за да се увиди дали установите ги отстраниле претходно констатираните недостатоци, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Здравствените установи коишто од страна на ФЗОМ се казнети со 75.000 денари, МЗ ги казнува директорите со 15 процентно намалување на плата во следните три месеци, како и со дополнителни два месеца условна казна, додека установите кои се казнети со по 35.000 денари, од МЗ добиваат дополнителна казна од 15 процентно намалување на личниот доход за еден месец, како и два месеца условна казна.
За повреда на договорни одредби, односно за наплата на партиципација, спротивно на законските прописи, неводење правилна и уредна евиденција за наплатената партиципација или за неиздавање потврда за наплатено учество, договорна казна од ФЗОМ, во висина од 75 илјади денари е изречена на Здравствена станица „Железара“, Клиника за Гастроентерохепатологија, Општа болница Дебар, Клиничка Болница Тетово, Завод за Нефрологија Струга, Клиника за Нефрологија, Општа Болница Куманово, Клиничка Болница Штип, Општа Болница Струмица, Општа Болница Гевгелија и Здравствен Дом Кочани.
Договорна казна од ФЗОМ во висина од 35.000 денари им е изречена на Клиника за урологија, Клиника за гинекологија и акушерство, како и на Клиника за уво нос и грло. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски кандидати за судии во Европскиот суд за човекови права
Владата на денешната 141 седница беше информирана за текот на постапката за номинирање кандидати за позицијата судија во Европскиот суд за човекови права.
Во таа насока, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ја презентираше Информацијата за реализираните активности, согласно известувањето доставено од Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права, со кое се информира за предлогот на Комисијата за избор на тројца кандидати: Јордан Апостолски, Наташа Бошкова и Сашо Георгиевски.
„По разгледувањето, Владата ја усвои Информацијата, по што Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, како надлежна институција задолжена за спроведување на административните и техничките активности во постапката, ќе продолжи со обезбедување мислење од Меѓународниот советодавен панел на експерти при Советот на Европа, во однос на исполнувањето на пропишаните критериуми од страна на предложените кандидати“; соопштија од Владата.
По добивањето на мислењето од Меѓународниот советодавен панел, Комисијата ќе ја достави листата со тројца кандидати до Владата, по што конечната листа ќе биде проследена до Парламентарното собрание на Советот на Европа.
фото/Depositphotos
Македонија
Проштална средба на Гаши со американската амбасадорка Агелер
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Ангела Агелер.
На средбата, претседателот Гаши изрази благодарност за нејзината лична посветеност, професионален пристап и поддршка на демократските процеси во државата. Посебно беше нагласена нејзината улога во јакнењето на институционалната соработка, градењето доверба и унапредувањето на дијалогот со Собранието.
Претседателот Гаши упати благодарност и до Амбасадата на САД за континуираната и силна поддршка на Република Северна Македонија во зајакнувањето на демократските институции, владеењето на правото, стабилноста и евроатлантската ориентација на земјата. Во тој контекст, беше нагласена и благодарноста до Соединетите Американски Држави како стратешки партнер и сојузник.
Претседателот Гаши нагласи дека придонесот на амбасадорката Агелер и на САД оставил видлива и позитивна трага во развојот на демократските и современите процеси во државата. Тој, исто така, изрази уверување дека пријателските односи и соработката ќе продолжат и во иднина.
Македонија
Утре без вода дел од Центар
Утре без вода ќе останат дел од корисниците од Општина Центар.
„Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) поради поврзување на водоводна и хидрантска мрежа за стариот објект на Комерцијална Банка на плоштад Пресвета Богородица бр. 3 од страна на фирмата Бауер БГ, во периодот од 08.00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат објектите на МНТ, Музичкото Училиште, Министерството за Транспорт и Врски, како и Управата за издавање на матични книги“, информира РЦУК – Скопје.

