Македонија
Попоски бара датум за преговори на истекот од унгарското претседателство со ЕУ
Земјите-членки во Советот на Европската Унија да се раководат според заедничкиот европски интерес и во декември да донесат одлука за почеток на преговори со Македонија.
Земјите-членки во Советот на Европската Унија да се раководат според заедничкиот европски интерес и во декември да донесат одлука за почеток на преговори со Македонија.
Вакво очекување шефот на дипломатијата Никола Попоски изразил на вчерашната средба со Балинт Одор, заменик-државен секретар во унгарското МНР одговорен за прашања поврзани со Европската Унија.
Попоски, како што соопштуваат од македонското МНР, искажал високо уважување за заложбите и ангажманот што Унгарија за време на Претседателството со ЕУ го посвети за унапредување на евро-интеграцијата на земјите-кандидати и потенцијални кандидати, како и за континуираната посветеност за динамизирање на процесот на проширување на Унијата со државите од Балканот.
Посочувајќи дека стартот на преговорите позитивно ќе влијае врз реформскиот моментум во земјата, Попоски изразил очекување дека тоа ќе се случи на истекот од шестмесечното унгарско претседателство со унијата.
„Македонските државјани очекуваат дека и земјите-членки во Советот на ЕУ ќе се раководат од заедничкиот европски интерес, и во декември 2011 година ќе ја донесат одлуката за почеток на преговори со Македонија, истакна министерот Попоски, додавајќи дека Владата и натаму ќе продолжи да спроведува реформи во сите области на општественото живеење раководејќи се од препораките содржани во Извештајот за напредокот на Македонија за 2011 година“, соопштуваат од МНР.
На средбата бил изразен заемен интерес за унапредување на билатералната соработка за прашања од евроинтеграцијата и пренесување на унгарските искуства од пристапниот процес, при што биле разменети и конкретни предлози за техничка соработка меѓу администрациите на двете земји во одделни поглавја од правото на ЕУ.
На состанокот, како што се соопштува, биле разменети мислења и за најактуелните прашања од внатрешниот развој на ЕУ, при што било потенцирано дека предизвиците, вклучително и оние што се однесуваат на проширувањето, ќе се решаваат во духот на европските принципи и вредности. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

