Македонија
Japan Times: Мисија од еден човек основа амбасада на Македонија
Македонски дипломат е на мисија сам да ја основа првата амбасада на својата земја во Токио, јавува The Japan Times.
Македонски дипломат е на мисија сам да ја основа првата амбасада на својата земја во Токио, јавува The Japan Times.
Информацијата се однесува на 28-годишниот Бојан Петровски, трет секретар на македонската амбасада во Австрија кој престојува во Токио. Негова задача е да ја основа македонската амбасада во Јапонија, чие отворање беше договорено при посетата на екс-шефот на дипломатијата Антонио Милошоски на земјата во април годинава.
„Во последните 20 години, Македонија ја гради својата дипломатска мрежа од почеток. Требаше време додека отворивме амбасади во Европските земји. Сега конечно дојде времето тоа да го сториме во Јапонија“, вели Петровски.
Исторемено, Петровски е преставник на Агенцијата за странски инвестиции во Токио. За Japan Times вели дека главниот фокус во неговата работа е зајакнување на односите меѓу Македонија и Јапонија, пред се економските.
„Фактот што сме млада земја што е далеку од Јапонија, не ни овозможуваше да развиеме блиски односи. СО основањето на амбасада, очигледно ние ќе сакаме да ги зајакнеме односите, особено економските“, вели Петровски,.
Очекувањата на Македонија, според Петровски е Јапонија да покаже интерес за инвестирање во земјата во индустријата за авто-делови и индустријата за електронски делови. Вели дека за време на својата мисија во Токио ќе се обиде да ги претстави македонската органска храна, медот и печурките, како продолжение на извозот на македонски тутун и вино во Јапонија. /крај/thejapantimes/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Скопје – Штип
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е нормализиран, информира АМСМ.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип утрово беше во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без струја делови од Центар и Аеродром
Без струја денеска ќе останат дел од корисниците од општините Центар и Аеродром.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 14.01.2026 година ( среда ) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Наум Наумовски Борче бр. 65 и околните стамбени објекти околу него. (општина Центар). Во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул.Ѓорѓи Андеевиќ Кун во близина на училиштето Димитар Македонски (општина Аеродром)“, информира РЦУК – Скопје.
Македонија
Сообраќајот на патот Скопје – Штип е во целосен прекин поради запалено товарно возило
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Штип е во целосен прекин, поради опожарено тешко моторно возило, четири километри пред патарината „Преод“, информира АМСМ.