Македонија
Лепавцов: Примена на хрватско-словенечкиот модел и во спорот со името
Добивањето на датум за старт на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија ќе биде клучен приоритет во работата на новоименуваниот амбасадор во Европската Унија, Андреј Лепавцов.
Добивањето на датум за старт на пристапните преговори на Македонија со Европската Унија ќе биде клучен приоритет во работата на новоименуваниот амбасадор во Европската Унија, Андреј Лепавцов.
Тој денеска, при претставувањето на платформата за дипломатски активности пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика посочи дека Договор за арбитража меѓу Хрватска и Словенија може да послужи како основа за надминување на спорот со името со Грција и деблокада на европската интеграција на Македонија. Во пракса тоа би значело започнување на пристапните преговори паралелно со разговорите за надминување на билатералниот спор за името.
„Комисијата искажа подготвеност да го фасилитира создавањето на потребниот политички поттик во потрага по решенија и да ги поддржи иницијативите во тој правец. Таа укажа дека договор за арбитража меѓу Словенија и Хрватска го покажува патот за адресирање на билатералните прашања и ги охрабри двете страни во спорот со името да применат сличен конструктивен дух. Предизвикот на Европската Унија за процесот на проширувањето е малиот политички ентузијазам за поголема динамика во самиот процес“, вели Лепавцов.
Смета дека најдобар начин за остарување на клучниот приоритет – датум за преговори е интензивната комуникација со сите европски институции.
„Неопходно би било поактивно да се промовира и афирмира сликата за Македонија како идна земја-членка на Европската Унија, која ревносно работи на исполнување на европските стандарди и критериуми“, вели Лепавцов.
Примената на хрватско-словенечкиот модел во македонско-грчкиот спор и отворањето на пристапните преговори според Антонио Милошоски, прв човек на собраниската комисија за надворешна политика ќе значи поттик за надминувањето на разликите.
Политички е коректно, а се покажа дека е продуктивно доколку во Европската Унија формално со аргументи и засилена дипломатска активност на Република Македонија се овозможи применувањето на словенечко-хрватскиот модел, кој што го штити и кредибилитетот на самиот процес на проширување, го запазува принципот на непопречување на процесот на проширување од билатералните прашања или спорови, а истовремено им дава на земјите-членки на Европската Унија или на земјата-кандидат им создава попозитивни околности за надминување на одредени разлики.
„Клучен приоритет на мисијата ќе бидат интензивните активности за донесување на одлука на Советот за доделување на датум за преговори и за отпочнување на самите преговори. Најважен елемент на тие активности би биле интензивните контакти со земјите членки, Генералниот секретаријат на ЕУ, европската служба за надворешни работи, Европската Комисија, Европскиот Парламент, како и со останатите релевантни фактори во Брисел преку кој ќе се настојува да се обезбеди поддршка за нашите позиции во врска со почетокот на пристапните преговори и промоција и заштита на нашите државни и национални интереси“, рече Милошоски.
За преставниците на опозицијата, пак, спорот со името се користи како оправдување за немањето напредок во интеграцијата кон унијата.
„Вашите ставови се коректни, да се послужам со вашиот дипломатски речник, со, за мене нагласена и во одредени моменти пренагласена желба да ставите ограда и да ја искористите веќе дежурната тема за спорот со името како постоечко и идно оправдување за отсуство на прогрес на Република Македонија кон Европската Унија“, рече пратеникот Игор Ивановски.
Според него, идејата за паралелни преговори и разговори за спорот со името е неприменлива.
„Европската Унија официјално се изјасни дека таквиот пристап не може да се примени во делот на Македонија и на Грција и немојте, ве молам, заради внатрешни употреби во Македонија сеуште да ја повторување таа мантра којашто Брисел ја отфрли. Колку сакате повторувајте ја, ама не ви верува веќе никој“, вели Ивановски.
На ова, Лепавцов одговори дека оваа идеја е сеуште актуелна, посочувајќи дека била спомената и во настапите на словенечкиот амбасадор во земјава, Алан Бергант.
„Тоа го нотира и самата Европска Комисија во својот извештај, каде што вели дека препознаваме добра можност во повикот на комисијата да се следи словенечко-хрватскиот модел за надминувањето на билатералното прашање. Тоа е вметнато, нотирано од страна на ЕУ. За мотивите на таа модификација треба да побараме одговор од нив и добро е што постои за да може процесот да се придвижи напред“, вели Лепавцов.
Лепавцов на функцијата ќе го наследи Никола Попоски, кој го напушти амбасадорското место по именувањето за Министер за надворешни работи. Инаку, Лепавцов на функцијата доаѓа од местото Државен советник за надворешна политика во канцеларијата на Претседателот на Владата. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

