Македонија
СДСМ: Експлозија на државниот долг
Долгот на државата во последните две и пол години е зголемен за фрапантни 491 милион евра, велат од СДСМ.
Долгот на државата во последните две и пол години е зголемен за фрапантни 491 милион евра, велат од СДСМ. Партискиот потпретседател, Зоран Јовановски, нарекувајќи ја ситуација многу сериозна, рече дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да одговара на серозни прашања.„До каде ќе ги одведе ВМРО-ДПМНЕ граѓаните на Република Македонија со постојаното задолжување на државата?“, праша Јовановски.„Еве што велат податоците на Министерството за финансии, при што напоменувам дека долгот на приватниот сектор не е вклучен во податоците. На крајот на 2008 година, долгот на Централната државна власт кон странство изнесуваше 921 милион евра, а на крајот од август 2011 година, тоа е последeн објавен податок, достигна 1 милијарда и 412 милиони евра. Тоа значи дека само за две и пол години, долгот на Централната државна власт кон странство се зголеми за повеќе од половина или за фрапантни 491 милион евра евра“, рече Јовановски.„Слично темпо на задолжување сме виделе во минатото, во последните години од животот на Јосип Броз Тито, сме го виделе и во регионот, кај јужниот сосед Грција. Животот на кредит е убав и Владата изгледа успешна сé додека не дојде денот да се плати сметката. Отрезнувањето доаѓа тогаш, а затегањето на ременот е многу болно, има отпуштања, се кратат платите. Примерот од соседството го гледаме секојдневно, со таа разлика што нам ќе нема кој да ни помогне. Почитувани граѓани, размислете само за момент, за само две и пол години на Македонија и се случува експлозија на државниот долг, каде што долгот кон странство е зголемен е за повеќе од половина. До каде ќе ја дотера Владата на ВМРО-ДПМНЕ Република Македонија со ваквото задолжување?“, рече Јовановски на денешната прес-конференција на СДСМ. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори, бара ЛДП
По информацијата на Владата дека наредната недела ќе назначи повереници во општините кои поради немање цензус не успеаја да изберат градоначалници, Либерално-демократската партија (ЛДП) ја информира јавноста дека ќе бара да се измени Изборниот законик.
Измените во Изборниот законик кои ќе ги предложи ЛДП се однесуваат на тоа владините повереници да не можат да се кандидираат на повторените избори за градоначалници во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Овие измени ЛДП ќе ги предложи за да нема никој нефер предност пред останатите кандидати за градоначалници, но и да се намали можноста за евентуални злоупотреби и несовесни работења на поверениците во периодот додека не се одржат повторените избори.
Оваа предлог мерка доаѓа по прифаќањето на предлогот на ЛДП за враќање на референдумското отповикување на градоначалници во Законот за локална самоуправа, кој веќе се наоѓа во Собранието и со кој после 30 години од укинувањето на референдумот, ќе се стави крај на заштитата на неефикасните и нетранспарентни функционери.
Доколку се усвојат и измените на Изборниот законик и се воведе ограничувањето за поверениците да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторните избори во четирите општини кои не обезбедија цензус во првиот круг, ќе се овозможат фер услови за коректен политички натпревар, ослободен од било какви сомнежи за дополнителни злоупотреби и политички влијанија, велат од ЛДП.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ бара истрага: Заев, Николовски, Груби, Филипче, Бајрами, Дончев и Рашковски посочени како пример за неказнивост
ВМРО-ДПМНЕ реагира дека нема да толерира незаконско постапување и девијантно однесување на поединци за кои постојат сомнежи дека ги прекршиле законските регулативи. Од партијата порачуваат дека Законот мора да важи еднакво за сите и дека секој фатен во корупција или криминал треба да понесе соодветна одговорност.
Во реакцијата се наведува дека државата не смее да се враќа во „мрачните времиња“, како што ги нарекуваат периодите кога, според нив, лица со основано сомнение или пресуди за криминал – меѓу кои ги посочуваат Заев, Љупчо Николовски, Груби, Филипче, Перпарим Бајрами, Ден Дончев и Рашковски – слободно се движеле без одговорност.
Од ВМРО-ДПМНЕ апелираат надлежните институции целосно да го истражат случајот и да постапат до крај согласно законските прописи.
Македонија
За девет месеци од наплата на патарините државата заработила над 58 милиони евра
Вкупните приходи од наплата на патарина за првите девет месеци од годинава изнесуваат 3.611.645.604, денари (58,725 милиони евра).
Во септември годинава прометот на наплатните станици изнесува 401.971.971 денар, а во летните месеци кога е највисока фрекфенцијата на возила, биле инкасирани 494.308.025 во август, 469.811.647 во јули и 399.325.680 денари во јуни годинава.
Најпрофитабилна е наплатната станица Романовце, а најниски се приходите на Кадрифаково.

