Македонија
Арифи: Ноември – месец на лобирање

Месец ноември ќе биде месец на лобирање, со цел Македонија во декември да добие датум за старт на пристапните преговори со Европската унија, најави вицепремиерот за европски прашања, Теута Арифи.
Месец ноември ќе биде месец на лобирање, со цел Македонија во декември да добие датум за старт на пристапните преговори со Европската унија, најави вицепремиерот за европски прашања, Теута Арифи.
По посетите на Стокхолм и Хелсинки, Арифи најавува посети на Лондон, Париз и Даблин, како и на Атина и Брисел.
„Мислам дека уште еднаш треба да го истакнам фактот дека добивањето датум за преговори е клучно и многу значајно за сите граѓани на Република Македонија и дека процесот на деблокирање на прашањето на евроатлантските интеграции останува едно високо прашање, приоритет за сите граѓани“, рече Арифи.
Вели дека и покрај кризата во Грција, политички коректно е македонските власти да лобираат за отворање на пристапните преговори.
„Сосема е јасно дека во Грција имаме чувствителна состојба. Ќе добиеме нова влада, но проблемот секако е доста стар и тоа не значи дека ние не треба да се ангажираме и лобираме да го добиеме датумот за преговори или да останеме без ништо во декември. Мислам дека да повикуваме и да се ангажираме за тоа е политички коректно и државнички коректно. Сметам дека треба да се надеваме дека во однос на ова прашање треба да очекуваме конструктивност и од страна на Европската унија и од страна на Грција, додека треба и ние конструктивно и рационално да се однесуваме кон проблемот“, рече Арифи.
Вицепремиерот Арифи денеска реферираше за првите 100 дена од својата работа во новата влада. Најави подготовка на втор акциски план за листата на задачи од Европската комисија, како и подготовка на мерки за 2012 година, кои ќе се однесуваат на сите прашања содржани во годинешниот извештај на комисијата за напредокот на Македонија. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Дел од општините Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· Во периодот од 09:00 – 12:00 часот улицата Иван Аговски зграда бр.10 влез1, општина Карпош;
· Во периодот од 09:00 – 15:00 часот улицата Јабланица, улицата Саса, населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Сончево време со температура до 24 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени, информира УХРМ
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 24 степени.
Во четврток кон крајот на денот, во текот на ноќта и во петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд. Температурите ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Македонија
ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски да предложи нови кадровски решенија, одењето на Таравари значи паѓање на уште една маска

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата
Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да предложи нови кадровски решенија на позициите што досега ѝ припаѓаа на Алијансата за Албанците, по одлуката на Арбен Таравари да ја напушти владината коалиција.
Овој чекор на Таравари беше оценето дека претставува уште еден доказ дека групата на заштитници на криминалот и корупцијата добива нови редови. „Уште една маска падна, уште една илузија беше разоткриена“, пишува во соопштението.
„На политичката сцена се појави нов, добро координиран марионетски квартет: СДС, Алијанса, ДУИ и Левица – различни имиња, но ист газда. Различни маски, но ист сценарист. ДУИ со години инвестираше во создавање на лажни политички конкуренти кои всушност се негови продолжени раце. Така ги добивме СДС и Алијансата на Таравари – партии со речиси идентичен рејтинг, подготвени да бидат потрошени во функција на обидот за враќање на ДУИ на власт. И како што е случај со секоја потрошна роба, така и овие ќе бидат фрлени на политички отпад кога ќе ја завршат својата задача“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, жално е што токму ваквите политички привезоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници – без став, без визија, без достоинство.
„Но, да биде јасно: државата не оди во провалија. Од провалијата ја вадиме. А тоа што ги боли е фактот што веќе нема амнестии, нема рекети, нема наместени тендери. Боли што правдата конечно тропа на нивната врата. На крајот, нека викаат колку сакаат. СДС, ДУИ и нивните политички вазали веќе се осудени – од граѓаните на изборите. А вистинскиот суд – оној на правдата – допрва доаѓа“, се наведува во соопштението.