Македонија
Јакимовски:Груевски ги малтретира социјалните случаи
Претседателот на градската организација на СДСМ Стевче Јакимовски ја обвини Владата дека ги малтретира социјалните случаи.
Претседателот на градската организација на СДСМ Стевче Јакимовски ја обвини Владата дека ги малтретира социјалните случаи.
„За корка социјален леб, за минимална социјална помош, режимот ги принудува сиромашните граѓани да одат од шалтер до шалтер, од институција до институција, за да ги соберат потребните документи, и згора на се, сето тоа да го платат од скудниот и скромниот социјален денар“, рече Јакимовски.
Според него, премиерот Груевски „своите граѓани ги малтретира исто како туѓите окупаторски администрации по Првата светска војна“.
Тој потсети дека во времето на СДСМ социјалните случаи поднесувале документи за добивање социјална помош на само еден шалтер во центрите за социјални работи.
„Фактот што сега се враќате 10 години наназад и сите овие обврски ги префрлате на истоштените по шалтери социјалци, само покажува колку го замајувате народот со чалам, фалби и шарени лаги кои ги продавате преку спотовите, а во реалноста народот е измалтретиран и страда како никогаш досега. Уште пострашно, жртви на вашите екскурзии се најсиромашните граѓани кои немаат од каде да платат за да ги извадат документите кои им ги барате“, рече Јакимовски.
Претседателот на градската организација на СДСМ најави дека ќе поднесе тужба против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски заради обвинувањата што му ги упатил за злоупотреба на општинскиот буџет за исплата на проекти две НВО-а. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.