Македонија
Над половина од граѓаните ја одобруваат работата на владата
Мнозинство од македонските граѓани ја одобруваат работата на владата, покажува истражувањето на Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), спроведено по повод 100-те дена од нејзиното формирање.
Мнозинство од македонските граѓани ја одобруваат работата на владата, покажува истражувањето на Институтот за демократија (ИДСЦС) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), спроведено по повод 100-те дена од нејзиното формирање.
Според истражувањето, повеќе од половина испитаници (54.1%) одговориле дека ја одобруваат работата на владата, додека малцинство на граѓани (37.8%) рекле дека не ја одобруваат.
Во однос на владините стратешки приоритети – три од пет се позитивно оценети.
Од аспект на подобрување на евроатланските интеграции, меѓуетнички односи и борбата против криминалот и корупцијата, мнозинството граѓани (51,1% – 56,5%) сметаат дека Владата работи добро. По останатите декларирани стратешки цели од страна на Владата: економскиот развој и образованието, мислењето кај јавноста е поделено. Граѓаните се поделени и околу политичкиот однос на Владата во врска со подобрувањето на инфраструктурата.
Граѓаните начелно сметаат дека Владата не прави доволно за реформите во јавната администрација, судството и слободата на медиумите. Според истражувањето, јавноста не се согласува дека Владата прави се што е неопходно по однос на клучните забелешките упатени во последниот извештај на ЕК. Таков став имаат мнозинство од граѓаните по однос на реформите на судството, јавната администрација како и слободата на медиумите.
По однос на работата на одделни министерства, Министерството за здравство истовремено е најдобро и најлошо оценето во својата работа од страна македонската јавност. Најголем процент (32,9%) од етничките Македонци гласале за ова Министерство, а против биле 30% од нив. Политичката поларизираност на граѓаните влијае на овој став на јавноста. Кај етничките албански испитаници најдобро рангирано е Министерството за правда (28%), додека своето незадоволство најмногу го изразиле кон Министерството за економија (34,9%). Половина од испитаниците, не посочиле конкретни министерства. Во оваа група две третини сметаат дека ниту едно министерство не работи добро.
Економската состојба е најголем заеднички приоритет на граѓаните без оглед на етничка или партиска припадност. Тоа што може да се забележи кај преференциите на етничките албански испитаници е дека образованието има висок приоритет што не е случај кај етничките Македонци (за образованието како област на која граѓаните лично посакуваат Владата да и посвети внимание се изјасниле 48,8% етнички Албанци и 10,2% етнички Македонци).
Според истражувањето. мнозинство од граѓаните (51,1%) го поддржуваат проектот Скопје 2014. Големо мнозинство од испитаните етнички Албанци не го прифаќаат проектот, додека 59,1% од етничките Македонци го прифаќаат. Една четвртина од етничките Албанци го прифаќаат проектот. Повеќето симпатизерите на СДСМ, ДУИ и ДПА не го прифаќаат проектот како и мнозинство (53,3%) од неопределените. Од оние на кои не им се допаѓа, две третини сметаат дека парите можеле да се искористат на друго место. Ова е заедничка перцепција без оглед на етничката припадност и предничи пред естетските или етничките причини за не прифаќање на проектот.
Во истражувањето се констатира голема политичка поларизираност на ставовите на симпатизерите на власта и на опозицијата по однос на повеќе прашања.
По повеќето прашања испитаниците не успеваат да се издигнат над својата партиска наклонетост. Половината од испитаниците, кои се изјасниле како партиски неопределени покажуваат умереност во ставовите и перцепциите.
Според дел од заклучоците на истражувањето, без разлика на партиската припадност тоа што може да се констатира кај етничките Албанци е повисоко ниво на критичност. Прашани за општ впечаток, симпатизерите на ДУИ се благо критични кон Владата, но прашани за владините политики тие се изразено критични.
Испитувањето на јавното мислење е направено преку телефонска анкета од страна на ИДСЦС од 4 до 6 ноември 2011 г. на репрезентативен примерок од 1.110 испитаници со ± 3 % грешка. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Македонија
Традиционална церемонија на свечено менување на државното знаме во претседателскиот кабинет
Повеќе од 170 основци од скопските училишта „Ѓорѓија Пулевски“ и „Кочо Рацин“ и од училиштето „Св. Наум Охридски “ од Охрид, денеска ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме, којашто во Кабинетот се одржува секој втор петок во месецот во знак на оддавање почит кон државата.
Во присуство на бројни претставници на Армијата, учениците, заедно со своите наставници и образовни асистенти, најпрво внимателно го ислушаа командирот на почесната единица кој ги образложи причините и процесот на менување на знамето.
Потоа, нивните љубопитни очи се вперија кон јарболот на којшто постојното, беше заменето со ново државно знаме. Церемонијата заврши со интонирање на македонската химна од Воениот оркестар, пропратено со детскиот хор.
Во рамки на посетата, дечињата ја разгледаа свечената сала со двата импозантни мозаици на академик Глигор Чемерски, „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“.
Претседателката изрази радост за присуството на најмладите посетители и одговараше на бројните креативни прашања меѓу кои и: Кои и биле омилените книги на нивна возраст? Дали ѝ недостигаат студентите? Сонувала и посакувала ли некогаш да стане претседателка? Какви карактеристики треба да поседува еден лидер? Како се одвива еден нејзин работен ден и колку долго трае? Дали ги помни омилените наставници?
Таа, во својство на ученичка, ги именуваше саканите учители, истакнувајќи дека имале огромно влијание врз нејзината љубов кон учењето.
На крајот, Сиљановска-Давкова им порача дека вреди да се учи и дека нема подобар влог во иднината, од оној во знаењето.
Младите посетители, освен со убави спомени, од Кабинетот си заминаа и со автограм од претседателката Сиљановска-Давкова.

