Македонија
Воз усмрти 14 овци
Патнички воз кој се движел на релацијата Кичево-Скопје усмртил 14 овци сопственост кои во моментот се наоѓале на железничката пруга, соопшти МВР.
Патнички воз кој се движел на релацијата Кичево-Скопје усмртил 14 овци сопственост кои во моментот се наоѓале на железничката пруга, соопшти МВР.Инциденто се случил во тетовкста населба Деребој, кога патничкиот воз 6901 налетал на овците, кои биле во сопственост на З.З.(1966) од селото Селце-Тетово.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово, а материјалната штета дополнително ќе биде утврдена. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на првиот академски час до студентите: Вие сте иднината, со конкретни проекти ќе го унапредиме образованието
Денес, стојам пред вас не само како премиер, туку и како редовен професор на Машинскиот факултет при нашиот најреномиран Универзитет кој го носи името на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Универзитет кој отсекогаш бил центар на знаењето, развојот и иновациите во нашата држава. Како што рекол големиот филозоф Аристотел: „Корените на образованието се горчливи, но плодовите се слатки“.
Ова е токму она што го гледаме денес – студентите се борат низ предизвиците на студирањето, но на крајот нивната упорност е она што ги води кон високи резултати кои ги надминуваат нивните почетни очекувања, истакна премиерот Христијан Мицкоски на првиот академски час пред студентите од УКИМ.
Додаде дека владата е посветена на повеќе конкретни проекти кои ќе го унапредат квалитетот на високото образование.
„Прво, планираме значително да го модернизираме инфраструктурниот капацитет на нашите универзитети. Веќе започнуваме со институционални ангажмани за натамошна реконструкција на лабораториите на некои факултети во дел од нашите Универзитети низ земјата, каде ќе се постават најсовремени опрема и технологии кои ќе им овозможат на студентите да стекнат практични вештини во склад со потребите на современата индустрија.
Второ, започнуваме со обликување на проект за дигитализација на универзитетската администрација со цел да ги олесниме процесите на пријавување, запишување и оценување. Ова ќе ја намали бирократијата и ќе им даде повеќе време на професорите и студентите да се фокусираат на она што е најважно – образованието.
Трето, ја промовираме програмата за интернационална соработка и размена на студенти. Студентите и професорите ќе имаат повеќе можности за студирање и истражување во странски универзитети, со цел да се разменат искуства и да се применат најдобрите практики од светот во нашето образование. Ова ќе ни помогне да го подигнеме нивото на компетентност и иновација во нашите институции.
Исто така, важно е да ги поддржиме нашите професори и да ги мотивираме да продолжат со својот научен развој. За таа цел, обезбедуваме зголемени средства за научно истражување и се залагаме за создавање на фондови за поддршка на научните проекти кои ќе го поттикнат развојот на нови технологии и иновации“, нагласи Мицкоски.
Целта како што рече е јасна, да се создаде образовен систем кој е во чекор со времето, кој ги задоволува потребите на општеството и пазарот на трудот, и кој на студентите ќе им даде можност да бидат глобално конкурентни.
„Претседателот на Студентската организација напомена дека би биле пресреќни својата иднина да ја гледаат тука во Македонија, а наша цел и како професори и политичари е да ве инспирираме. Ќе продолжиме да го работиме она што го работиме и кое што најдобро го знаеме. Но, сакам да ви испратам една порака дека во животот ништо не паѓа од небото и дека ништо не е така едноставно како што изгледа на социјалните медиуми. Треба да се борите секој ден“, порача Мицкоски.
Македонија
Средба на министерот Муртезани со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје: потенцирана важноста од продолжување на соработката за зајакнување на демократските процеси
Денес, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, имаше средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, на која беше реафирмирана заедничката заложба за напредок на тековната реформска агенда на Северна Македонија. Соговорниците ја потенцираа важноста од продолжување на соработката за зајакнување на демократските процеси, подобрување на институционалните капацитети и поттикнување на транспарентноста во управувањето – клучни области неопходни за успешна интеграција во Европската Унија.
Министерот Муртезани нагласи дека Северна Македонија останува посветена на усогласување со стандардите на ЕУ, процес кој што вклучува темелна реформа во областите на владеење на правото вклучително и имплементација на судските реформи, борбата против корупцијата и организираниот криминал и подобрување на медиумските слободи. Тој истакна дека европскиот пат не е само стратешки приоритет, туку и двигател на реформите кои ќе го унапредат севкупниот развој на земјата.
Амбасадорот Вал ја подвлече поддршката на ОБСЕ за земјата, особено во областите на промоција на човековите права, унапредување на изборниот интегритет и зголемување на довербата на јавноста во државните институции. Тој исто така ја потенцираше улогата на ОБСЕ во поддржување на меѓуетничкиот дијалог и поттикнување на инклузивни политички процеси, како клучни елементи за одржување на мирот и стабилноста во регионот.
Муртезани и Вал се согласија за потребата од континуирана партнерска соработка, особено во однос на техничката помош и програмите за градење на капацитетите за зајакнување на владеењето на правото и заштита на основните слободи.
Македонија
Андоновски: Наша цел е до 2030 година, најмалку 80% од возрасното население да поседува основни дигитални вештини
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска во Скопје имаше поздравно обраќање на министерска конференција на Управувачките платформи на Западен Балкан за образование и обука и истражување и иновации, во организација на делегацијата на Европската унија во Република Македонија.
Во своето обраќање, министерот Андоновски ја истакна важноста на дигиталната трансформација за напредокот на Македонија и регионот. “Денес дигиталните вештини и иновации се клучни за напредокот на нашето општество и економија“.
Министерот Андоновски ги презентираше плановите на Република Македонија во областа на градењето на дигиталните вештини, истакнувајќи:
“Наша цел е до 2030 година, најмалку 80% од возрасното население да поседува основни дигитални вештини. Исто така, се стремиме значително да го зголемиме бројот на ИКТ професионалци, со посебен фокус на зголемување на учеството на жените во оваа област.”