Македонија
Фратини: Решението на спорот за името би било добро и за Европа
На тригодишнината од покренувањето на тужбата против Грција за кршење на Привремената спогодба за Дојче веле зборува поранешниот италијански шеф на дипломатијата Франко Фратини.
На тригодишнината од покренувањето на тужбата против Грција за кршење на Привремената спогодба за Дојче веле зборува поранешниот италијански шеф на дипломатијата Франко Фратини.
„Јас сум апсолутно сигурен: прашањето околу името мора да се реши еднаш за секогаш. Што побрзо – тоа подобро! На тоа со полн капацитет работев во времето кога бев министер за надворешни работи, во тешкиот период на италијанското претседателство со ЕУ во 2003. Потоа ги продолживме дискусиите. Но, без конечен резултат. Искрено кажано сметам дека и двете страни – и Македонија и Грција имаат заеднички интерес да најдат решение“, изјави за македонската програма на Дојче веле Франко Фратини.
Прашан дали е возможно решавањето на проблемот со името да се оддели од пристапните преговори и двата процеса да течат паралелно и независно еден од друг, Фратини со став:
„Ова според мене би била добра опција. Но, е невозможна зашто нема едногласен консензус. Ова е проблем и ќе биде сè додека во надворешната политика на ЕУ работите се одлучуваат со консензус“, дополни Фратини.
Во однос на политиката на Европската Унија кон прашањето со името, Фратини вели:
„ Ќе повторам. Ни треба повеќе политичка Европска унија. Доколку има повеќе политички одлуки, ќе може да се донесе и одлуката како оваа. Доколку се држите до принципот на едногласност, значи дека ќе нема решение сè додека нема едногласност. И ова е проблем кој сè уште ги детерминира насоките“, објаснува Фратини кој сепак е оптимист:
„ Се надевам дека можеби тешките моменти на економската криза ќе се одразат и врз Грција да направи исчекор во однос на Македонија со што ќе придонесе, како би рекол, да се тргне од маса најмалку едно прашање. Во моментов, на маса има толку многу прашања, од кои барем едно би се решило! И тоа би било добро за Европа !“, смета Франко Фратини кој во новата италијанска влада нема министерска функција, но останува во политиката и како вели ќе се ангажира за решавањето на проблемот на Македонија:
„Ќе работам со мојот полн капацитет како член на италијанскиот парламент. Ќе се обидам да го забрзам процесот. Мислам дека сега би бил вистинскиот момент!“, коментира Франко Фратини, за македонската програма на Дојче веле. /крај/dw/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски
Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец.
На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски – Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата, извести Општината.

Интервенцијата е извршена по пријава и барање на жителите од околните згради, поради страв од пожари, кражби и загрозување на безбедноста и здравјето.
На втората локација во Буњаковец, поради присуство на малолетни бездомни лица, во акцијата е вклучена и социјалната служба. По завршување на постапката, ќе се пристапи кон целосно расчистување на просторот кој е претворен во мини депонија.

Ова не е првпат инспекциските служби на општина Центар да интервенираат на овие локации по барање на жителите. И покрај претходните интервенции, бездомни лица повторно се вселуваат во напуштени објекти, користејќи го фактот дека станува збор за куќи со нерешени имотно правни односи. Иако сопствениците се контактирани, поради недостиг на соодветна реакција, Општината е принудена постојано да интервенира со цел заштита на јавната безбедност, велат од Центар.
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски посочи дека ваквите објкети во кои се собираат бездомници и се создаваат диви депонии, не се само лоша слика за централното градско подрачје, туку и реална опасност за околината.

„Ги повикувам сопствениците да бидат одговорни, а граѓаните навремено да пријавуваат, за да можеме навреме и ефикасно да реагираме“, порача Герасимовски.
Македонија
По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата.
Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење.
При увидот треба да бидат присутни и надлежни инспекциски служби од областа на животната средина, од Агенцијата за храна и ветеринарство, како и од Центарот за јавно здравје.
Ќе бидат преземени и други дејствија на проверки, соопшти обвинителството.
Македонија
Советник на Мицкоски за нов уставен судија – толку од независноста на судството, велат од СДСМ
Гоце Наумовски, кој е надворешен советник на премиерот Мицкоски за правни работи, е предлог за нов уставен судија кој се очекува да биде изгласан наскоро, истакнуваат од СДСМ.
„Кадровско решение од кабинетот на премиерот во највисоката судска инстанца во државата.
Дополнително, Гоце Наумовски е брат на поранешниот вицепремиер за евроинтеграции од ВМРО, Васко Наумовски, со што политичките релации и влијанија се уште еднаш потврдени.
Власта ги зема под целосна своја контрола судството и обвинителството.
Го сменија јавниот обвинител и планираниот избор на обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник на ВМРО назначија за член на Судски совет. Сега советник на Мицкоски во Уставниот суд“.
Според СДСМ, додека Мицкоски од собраниска говорница им дели задачи и им кажува што и како да работат, носат закони за правосудатво кои се спротивни на препораките на ЕУ.
„Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и обвинители од тефтерчињата. Исто како во времето на Никола Груевски.
Следува целосно погребување на правдата и правната држава“.

