Македонија
Македонија дел од Соединетите Европски Држави во 2021 година
Македонија во 2021 година ќе биде дел од Соединетите Европски Држави, политичка структура што ќе се формира по излегувањето на Велика Британија и скандинавските држави од Европската Унија, вели професорот Најал Фергусон од Универзитетот „Харвард“, во текстот објавен во „Вол Стрит Џурнал“.
Македонија во 2021 година ќе биде дел од Соединетите Европски Држави, политичка структура што ќе се формира по излегувањето на Велика Британија и скандинавските држави од Европската Унија, вели професорот Најал Фергусон од Универзитетот „Харвард“, во текстот објавен во „Вол Стрит Џурнал“.
Во текстот „2021: Новата Европа“, Фергусон предвидува дека Европа, 10 години по кризата, ќе биде многу поразлична. Неговата визија е дека континентот ќе биде поделен на четири блока: Русија, Нордиска Лига, Велика Британија и Соединети Европски Држави.
Фергусон предвидува дека Велика Британија преку референдум ќе се отцепи од Европската Унија, за време на четвртиот мандат на премиерот Дејвид Камерон, а поради воздржаноста кон мерките за спас на еврозоната, истото ќе го сторат и скандинавските земји.
Фергусон смета дека седиштето на новиот европски блок ќе биде преместен од Брисел во Виена, а бројот на земји членки ќе изнесува 29 по приемот на земјите од екс-Југославија: Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска и Црна Гора. /крај/online.wsj.com/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз
Од понеделник 50 автобуси се вклучуваат во јавниот превоз, а до Нова Година уште дополнителни 20, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„На мое големо задоволство, денес остварив средба со приватните превозници. Со добра координација и заедничка волја, за помалку од 48 часа откако ја преземав функцијата градоначалник на градот Скопје, успеавме да постигнеме договор кој значи конкретен чекор напред, а тоа е дека веќе од понеделник 55 автобуси повторно ќе сообраќаат низ скопските улици“, рече Ѓорѓиевски.
Најави дека до Нова година во системот ќе бидат вклучени уште 20 автобуси, со што, како што кажа, јавниот превоз ќе биде целосно нормализиран.
Ѓорѓиевски, исто така, најави дека до март следната година, во соработка со Владата и Министерството за транспорт, ќе бидат обезбедени уште 80 нови автобуси.
Македонија
Сè повеќе случаи со лажни сообраќајки, охридската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори.
Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство да не оди во затвор и да биде ослободен од кривичен прогон.
„Aпелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите телефонски јавувања и веднаш да ги пријават на телефонскиот број 112 или лично во најблиската полициска станица. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расветлување и документирање на ваквите пријавени настани“, велат од СВР Охрид.
Македонија
Митески го доби мандатот за градоначалник: Аеродром ќе добие значајни проекти, кои ќе го подобрат квалитетот на животот
Дејан Митески денеска го прими уверението и официјално ја презема функцијата градоначалник на Општина Аеродром.
„Од овој момент започнуваме со работа – посветено и искрено. Нема време за чекање! Ќе бидам градоначалник кој слуша и е достапен за сите. Во следниот период Аеродром ќе добие значајни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на животот на сите жители – повеќе уреденост, зелени површини и подобра инфраструктура“, рече Митески.
Тој додаде дека Аеродром ќе биде општина за сите аеродромци – без разлика на партија, верување или припадност.

