Македонија
Хаг утврди прекршување на Времената спогодба од страна на Грција
Меѓународниот суд на правдата во Хаг утврди дека грција ја прекршила Времената спогодба со противењето на приемот на Македонија во НАТО на самитот на алијансата во 2008 година во Букурешт, откако се прогласи за надлежен во врска со случајот.
Меѓународниот суд на правдата во Хаг утврди дека грција ја прекршила Времената спогодба со противењето на приемот на Македонија во НАТО на самитот на алијансата во 2008 година во Букурешт, откако се прогласи за надлежен во врска со случајот.
Според судот, Грција го прекршила членот 11, став 1 од Времената спогодба, со кој таа се обврзува да не се противи на приемот на Македонија во меѓународните организации под привремената референца. За ваквата одлука биле 15 судии, а 1 бил против.
Со 15 наспроти еден глас судот го одби вториот поднесок на Македонија, со кој се бараше судот да и наложи на Грција во иднина да се придржува на обврските од Времената спогодба.
МСП ги отфрли и сите грчки аргументи со кои се посочуваше на прекршување на Времената спогодба од страна на Македонија пред самитот во Букурешт.
Според судот, Грција не успеа да докаже дека отсуството на решение во спорот значи и отсуство на добра волја за преговори од страна на Македонија.
Судот ги отфрли и грчките тврдења дека Македонија користела симболи забранети со Времената спогодба.
Истовремено, судот го отфрли и грчкиот аргумент дека намерата на Македонија е по приемот во меѓународните организации да започне со користењето на уставното име во рамки на нив. Користењето на уставното име од страна на Македонија, според судот, не значи дека тоа би се користело во рамки на било која организација, туку ќе продолжела праксата на користење на привремената референца сè до конечното изнаоѓање на решение.
Својата тужба Македонија ја поднесе на 17 ноември 2008 година. /крај/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.