Македонија
Во Прилеп продолжува судењето за убиството на српскиот турист
Повторената судска постапка за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ продолжува денеска во Основниот суд во Прилеп, јавува Ohridnews.
Повторената судска постапка за убиството на српскиот турист Дејан Новаковиќ продолжува денеска во Основниот суд во Прилеп, јавува Ohridnews.
На првото рочиште од обновениот процес, пред судот сведочеше Горан Периќ, другар на покојниот, а беа прочитани и претходно дадените искази на сведоците во постапката.
Овој судски процес се врати во првостепена постапка откако Апелацискиот суд во Битола одлучи да ја укине пресудата што ја донесе прилепскиот суд.
Судењето за убиството на српскиот турист почна во Основниот суд во Охрид, кој по неколку судски рочишта беше изземен од постапката и за надлежен беше прогласен Основниот суд во Прилеп.
Обвинетите прво се товареа за свирепо убиство а потоа, обвинението беше преквалификувано во кривично дело учество во толпа што ќе предизвика кривично дело. Со тоа се создаде можност за пониска казна за обвинетите.
Пред неколку месеци прилепскиот Основен суд ги прогласи за виновни сите четворица обвинети.
На првообвинетиот Митре Костоски му беше изречена затворска казна од 4 години, второобвинетиот Илче Јоноски беше осуден на казна затвор од 4 години и шест месеци, а на српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, кој се уште е во бегство и кому му се судеше во отсуство, му беше изречена казна затвор од 5 години. Четвртообвинетиот Ѓоко Наумоски за помагање доби затворска казна од една година.
Дејан Новаковиќ беше убиен на 27 август лани во центарот на Охрид./крај/ohridnews/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

