Македонија
В петок пресуда за убиството на српскиот турист во Охрид
Со завршни зборови на обвинителството и одбраната во Основниот суд во Прилеп денеска заврши повторениот судски процес за убиството на 34-годишниот српски турист Дејан Новаковиќ, што се случи минатата година во Охрид.
Со завршни зборови на обвинителството и одбраната во Основниот суд во Прилеп денеска заврши повторениот судски процес за убиството на 34-годишниот српски турист Дејан Новаковиќ, што се случи минатата година во Охрид.
Обвинителството останува на актите од обвинението кои обвинетите Митре Костоски и Илче Јоноски, и двајцата од Охрид, ги товарат за учество во толпа која предизвикала кривично дело со смртни последици, за што максимално предвидена казна затвор е до 5 години.
За истото дело се товари и српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ кому му се суди во отсуство, додека четврто обвинетиот Ѓоко Наумоски се товари за помагање.
Прво и второ обвинетиот, Костоски и Јоноски во завршните зборови искажале жалење за немилиот настан, посочувајќи дека не го извршиле делото за кое се товарат.
Одбраната во завршните зборови ги оспори исказите на сведокот Горан Периќ кој и самиот бил инволвиран во немилиот настан, како и на други очевидци, кои според бранителите биле контроверзни и врз основа на истите не може да се докаже делото за кое се товарат обвинетите. Одбраната бара преквалификација на кривичното дело од учество во толпа, во учество во тепачка за што максималната казна изнесува 3 години затвор. Одбраната тврди дека прво и второ обвинетиот правеле обид за смирување на инцидентот и дека не учествувале во завршните моменти од тепачката кога и се случило убиството врз српскиот турист.
Пресудата ќе биде соопштена во петок во Основниот суд во Прилеп.
Инаку, овој судски процес се врати во првостепена постапка откако Апелацискиот суд во Битола, постапувајќи по жалба на одбраната, одлучи да ја укине првичната пресуда што ја донесе прилепскиот суд.
Судењето за убиството на српскиот турист почна во Основниот суд во Охрид, кој по неколку судски рочишта беше изземен од постапката и за надлежен беше прогласен Основниот суд во Прилеп. Обвинетите прво се товареа за свирепо убиство за потоа, обвинението беше преквалификувано во кривично дело учество во толпа што ќе предизвика кривично дело. Со тоа се создаде можност за пониска казна за обвинетите.
Пред неколку месеци прилепскиот Основен суд ги прогласи за виновни сите четворица обвинети. На првообвинетиот Митре Костоски му беше изречена затворска казна од 4 години, второобвинетиот Илче Јоноски беше осуден на казна затвор од 4 години и шест месеци, а на српскиот државјанин Драган Ѓорѓевиќ, кој се уште е во бегство и кому му се судеше во отсуство, му беше изречена казна затвор од 5 години. Четвртообвинетиот Ѓоко Наумоски за помагање доби затворска казна од една година.
Дејан Новаковиќ беше убиен на 27 август лани во центарот на Охрид./крај/ohridnews
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме
„СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија. Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен“, велат од СДСМ.
„Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.
Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.
Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард. Нема откажување од иднината!“, соопшти СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот
180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени и крај на понижувањата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот не поддржува политика на понижување на Македонија. Граѓаните јасно кажаа дека се против криминалот на СДС и ДУИ. 7 години Македонија тоне на секое поле. На почеток на секоја учебна година немаше учебници за учениците, за болните немаше лекарства, за земјоделците немаше откуп. Народот не се чувствуваше безбеден, криминалот царуваше по улиците“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што истакнуваат, народот не сака да живее повеќе во несигурност.
„Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот. Победата во вториот круг ќе биде уште поголема, а СДС и Пендаровски, заедно со нивните газди од ДУИ никогаш повеќе нема да бидат во позиција да го понижуваат народот. Македонија повторно твоја“, завршуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци
Во Центарот за управување со кризи, имало вкупно 1 694 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
Од нив „реални“ повици биле 49,82 отсто, а 50,18 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 69,92 отсто и кон итната медицинска помош 28,91 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Во последното деноноќие немало евидентирани пожари на отворено.
Од ЦУК потсетуваат дека коловозите во државата на многу места се влажни и имало ситни одрони на сите патни правци во последното деноноќие.
Екипите ги отстранувале одроните на патот и нема прекин на сообраќајот.