Македонија
Притвор за уапсените во полициската акција „Бришач“
Истражен судија им одреди мерка притвор на 25 од уапсените во полициската акција „Бришач“. На шест лица им е одреден притвор од моментот на пронаоѓањето, на 11 лица им е одреден куќен притвор, а на шестмина
Истражен судија им одреди мерка притвор на 25 од уапсените во полициската акција „Бришач“. На шест лица им е одреден притвор од моментот на пронаоѓањето, на 11 лица им е одреден куќен притвор, а на шестмина алтернативни мерки.
Меѓу уапсените има 17 полицајци, раководители на увидна екипа и крим техничари кои правеле лажни извештаи за сообраќајки коишто не се случиле, за да им биде исплатена отштета од осигурителни компании.
Криминалната група ги оштетила осигурителните компании за два милиони денари или за над 30.000 евра. Групата работела од 2007 и случаите на лажирани сообраќајки биле скоро идентични меѓу себе.
Освен материјална, измамниците обезбедувале и нематеријална отштета. Се жалеле на повреди, а имало и случај кога еден од осомничените однел во болница друго лице кое имало претходни повреди за да му биде издадена медицинска документација со која ќе обезбеди нематеријална штета.
Полицијата досега има докази за вкупно 13 сообраќајки коишто ги лажирала оваа група. Притворените ќе одговараат за „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Фалсификување службена исправа“, „Помагање“, „Осигурителна измама“ и „Измама“. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

