Македонија
Средба Арифи – Клинтон во Вашингтон
Вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи, во рамки на учеството на конференцијата „Проект за жените во јавна служба“ во Вашингттон имала кратка средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, информираат од Секретаријатот за европски прашања.
Вицепремиерот за европски прашања Теута Арифи, во рамки на учеството на конференцијата „Проект за жените во јавна служба“ во Вашингттон имала кратка средба со американскиот државен секретар Хилари Клинтон, информираат од Секретаријатот за европски прашања.
Арифи и Клинтон разговарале за политичко-сигурносната ситуација во земјава и регионот, при што двете ја истакнале одличната соработка меѓу Македонија и САД.
Вицепремиерот Арифи одржала средба и со Медлин Олбрајт, поранешен државен секретар на САД и претседател на Националниот демократски институт (НДИ) на која се разговарало за моменталната безбедносна состојба на регионот и натамошните можности за земјите од Западен Балкан по однос на нивната евроатлантска интеграција.
Покрај тоа, вицепремиерот Арифи се сретна и со заменик адмиралот Керол М. Потенгер која е заменик шеф на одделот за развој на вештини во НАТО.
Арифи во Вашингтон ќе има средби и со помошникот државен секретар Филип Гордон, со заменикот помошник државен секретар Филип Рикер и со претставници на Конгресот на САД.
Во меѓувреме таа ќе одржи предавање во Центарот за меѓународни студии при Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

