Македонија
Груевски и писмено побара средба со Самарас
Премиерот Никола Груевски преку писмо побара средба со претседателот на Нова Демократија, Андонис Самарас на место и време што му одговара на лидерот на оваа грчката партија, информираат од македонската влада.
Премиерот Никола Груевски преку писмо побара средба со претседателот на Нова Демократија, Андонис Самарас на место и време што му одговара на лидерот на оваа грчката партија, информираат од македонската влада.
„Повод за моето обраќање до Вас се шпекулациите кои се појавија изминативе денови во дел од грчките медиуми, во кои се пласираше неточна теза дека наводно воопшто не постоела покана или обид за средба со Вас за време на одржувањето на Конгресот на Европската народна партија во Марсеј. Затоа, ја користам оваа прилика да го изразам моето чувство дека можеби станува збор за грешка или забуна на авторот кој ја пласирал таа неточна теза во грчките медиуми, како и уште еднаш да го повторам мојот интерес за реализирање на заедничка средба“, вели Груевски во писмото до Самарас.
„За нас од особено значење е доследното почитување на Времената спогодба од 1995 година, како и изнаоѓањето на взаемно прифатливо решение за разликите за името со Вашата држава. Исчекорувањето напред во евроатланските интегративни процеси на една земја од регионот, ќе биде од големо значење и за стабилноста, просперитетот и придвижувањето напред и на регионот во целина“, смета Груевски.
Самарас ја одби првата покана за средба на Груевски на почетокот на месецот, за време на одржувањето на самитот на ЕПП во Марсеј. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

