Македонија
МВР:Информацијата за нарушената безбедносна состојба – несериозна шпекулација
МВР не располага со сознанија и информации за нарушување на безбедносната состојба во Р. Македонија и секој настап во таа насока, кој не е поткрепен со соодветни аргументи, за нас претставува несериозна шпекулација и обид да се манипулира јавноста.
МВР не располага со сознанија и информации за нарушување на безбедносната состојба во Р. Македонија и секој настап во таа насока, кој не е поткрепен со соодветни аргументи, за нас претставува несериозна шпекулација и обид да се манипулира јавноста.Ова се вели во денешното соопштение до јавноста упатено од МВР, а како реакција на прес конференцијата на ЛДП, на која беше предупредено дека е нарушена безбедносната ситуација во земјата.„Вклучувајќи го и последното двојно убиство, на две недели пред завршување на годинава МВР регистрираше вкупно 30 убиства, број што е понизок и во однос на двете најуспешни години досега, односно 2008 и 2009 кога беа регистрирани по 36 дела од овој најтежок вид на криминал. За споредба во 2003 година се регистрирани вкупно 75 убиства“, се вели во соопштението од МВРПонатаму се додава дека МВР не е одговорно за обезбедување во угостителските објекти, спортските или други манифестации. „Во рамки на сопствените ингеренции МВР делува репресивно, односно постапува за идентификување и пријавување на виновниците кои учествувале во прекршочните или кривичните дела, но и превентивно обидувајќи се да вклучи што е можно повеќе општествени чинители во активностите насочени кон спречување на несаканото однесување“, се вели во соопштението од МВР. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

