Македонија
„Виновни се тие што се мртви“
Со солзи во очите, извикувајќи „срамота“ кон јавниот обвинител, Љупчо Шврговски, роднините на 11-те загинати мировници во хеликоптерската несреќа кај Блаце ја дочекаа одлуката на јавниот обвинител.
Со солзи во очите, извикувајќи „срамота“ кон јавниот обвинител, Љупчо Шврговски, роднините на 11-те загинати мировници во хеликоптерската несреќа кај Блаце ја дочекаа одлуката на јавниот обвинител.
По речиси четири години од несреќата обвинителството одлучи да не поведе кривична одговорност против никого за падот на армискиот хеликоптер, единствената вина за падот на хеликотерот ја лоцира во необученоста на пилотите да управуваат со вградените инструменти во сложени временски услови. Обвинителот не дозволи дополнителни прашања по пресот.
„Зар не е срамна одлуката да не поведат никаква постапка, цела вина да ја префрлат на пилотите и времето. Нема командна одговорност. Ако веќе е точна причината, како што тие тврдат дека пилотите не биле обучени, па некој треба да сноси одговорност за тоа. Каде е командантот, каде е началникот на Генералштабот, каде е врховниот командант, каде е претседателот на владата, зошто не ги обучиле пилотите. Не е точно дека биле необучени. Како тие 20 години знаеле да возат хеликоптери, знаеле да се спуштаат, овој пат не знаеле. Како тоа дошле од Сараево во Скопје и не им било дозволено да се спуштат. Ја загубиле контролата затоа што се убиени. Одговорно тврдам дека се убиени. Зошто не е крив хеликоптер, затоа што ЕЛБИТ дојде овде и плати. Никој не сака да каже дека чипот кој е потребен за да се управува со таа опрема што ја вградил ЕЛБИТ, е изваден пред да тргнат“ вели Миле Васиќ, татко на Александар Васиќ, постар водник.
„Криви се тие што ги нема. Три години знаевме дека за инструментите што беа ставени во хеликоптерот дека немаше направено обука. Зошто државата ги испрати во Босна кога не се спремни за такво нешто. Ние првин ќе ја бараме командната одговорност“ вели Сузана Стојановска, сестра на капетанот Бране Спасовски.
„Син ми беше пилот кој беше обучен за сите хеликоптери. Зошто велат дека имало две комисии кога работеа три комисии“ вели таткото на Бране, Стојан Спасовски.
Јавниот обвинител, Шврговски денеска на пладне соопшти дека нема да се поведе кривична постапка против никого за оваа несреќа која се служи во 2008 година. Како што рече по извештаите на комисиите кои се формираа за да ги испитаат причините за несреќата, во Генерал Штабот и Владата, сега оваа одлука се потпира на експертизата на што ја направи британскиот капетан Едвард Пули. Со оваа експертиза која се чекаше во Македонија скоро три години се откриле точните причини за падот на хеликоптерот.
„Британскиот експерт, капетан Пули посочува дека единствена причина која што довела до пад на хеликоптерот е губење на контрола на екипажот во сложени временски услови, поради што се случи трагичниот настан. Губењето на контролата е детерминирана од сложените временски услови односно од неспособноста да се управува во сложени метеоролошки услови со вградените инструменти, бидејќи двајцата пилоти немаат обука за управување на хеликоптер со инструментите кои што беа вградени и кои како високософистицирана опрема бараат дополнителна обука, која пилотите ја немаат. Инструментот САНДЕЛ , за инструментално водење, не за визулено, на хеликоптерот кој во извештајот на комисјата за цивилна и воздушна пловидба беше наведен како еден од причинителите за падот на хеликоптерот,британскиот експерт недвосмислено го отстранува какао причина.“ рече Шврговски..
Според него, Пули детектирал пропусти и кај контролата на летот и кај командантот на воздухопловниот винг во Босна и Херцеговина во делот на одобрување на маршрута во сложени метеоролошки услови, но овие пропусти не биле директна причина за несреќата.
Македонските мировници кои се враќаа дома по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12 јануари 2008 година загинаа кај катлановско Блаце.
За испитување на причините за несреќата Владата формира посебна Комисија со која претседаваше заменик-министерот за надворешни работи Зоран Петров. Државната комисија во извештајот наведе пет причини кои придонеле за несреќата – неповолни временски услови, непочитување на процедурите, неисправност на инструменти во хеликоптерот, пропусти во обуката на пилотите за инструментално летање и недисциплинираност на екипажот.
Во хеликоптерска несреќа кај Катланово животот го загубија потполковник Тони Спасовски, мајор Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.
Хеликоптерот „МИ 17“ со кој 11-те мировници тргнаа во последниот нивни лет, беше од руско производство, наменет за транспорт на луѓе и товар, за воздушни десанти и за огнена поддршка. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Угинат балкански рис најден на патот Ресен – Охрид, постојат само 50-тина единки од овој вид
Угинат рис денеска е пронајден на патот Ресен – Охрид. Од Македонското еколошко друштво (МЕД) велат дека ваквиот случај не треба да нè остави рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-ина единки на балканскиот рис.
„По дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“, денеска на терен констатиравме дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид. Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ – Скопје заради обдукција“, велат од МЕД.
Од таму велат дека за зачувување на загрозените видови потребно е да се изградат зелени мостови.
„Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, велат од МЕД.
фото/Facebook/Македонско еколошко друштво
Македонија
Ѓорѓиевски на ифтарска вечера: Ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, присуствуваше на ифтарска вечера.

„Таму каде што почитта нè обединува! Вечерва, на покана на поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул-Улема, присуствував на традиционалната ифтарска вечера со нашите браќа и сестри од исламска вероисповед. Во духот на меѓусебната почит, разбирање и искрена човечка блискост, вечерта помина во пријатна и топла атмосфера, испраќајќи силна порака за соживот, толеранција и заедништво. Токму ваквите моменти нè потсетуваат дека различностите се наше богатство, а почитта, наш заеднички темел“, напиша Ѓорѓиевски.

Додаде дека рамазанските денови се денови на духовна сила, добрина, солидарност и обединување, денови кога се отвораат срцата, кога се помага на ближниот и кога уште повеќе се зацврстуваат врските меѓу луѓето.
„Да продолжиме да се почитуваме, да се поддржуваме и да останеме сплотени, за заедно да ја оствариме нашата мисија – силно и модерно Скопје и просперитетна Македонија“, напиша градоначалникот.
Македонија
Предлогот за минимална плата од 600 евра не помина на Комисија во Собрание
Предлогот минималната плата да се зголеми на 36.960 денари (600 евра) од март, денеска не помина на седницата на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, откако официјално беше поднесен од пратеничката група на СДСМ.
Од опозицијата обвинија дека власта освен предлогот за јавна расправа го одбила и разговорот меѓу синдикатите, работодавачите и Владата.
„Предлогот за изменување и дополнување на Законот за минималната плата, поднесен од пратениците на СДСМ денеска не беше прифатен на собраниската Комисија за економски прашања. За законот дебатираа само пратениците од опозицијата. Власта го одби и предлогот за јавна расправа, одби разговор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата. Одбија решение за работниците. Одбија 600 евра минимална плата“, велат од СДСМ.
Според нив, власта има пари за луксузирање, за мебел, чанти, авион ама нема за поголеми плати за раотниците.
„Парите за авионот не е исфрлени, нема реабаланс на Буџетот, затоа што немаат намера да се откажат. Гледаме координирана кампања на 40% од медиумите кои ги држат во сопственост преку Орбан, со наратив дека „потребен е авион“. Не запираат. Има за авион. Има за мебел. Нема за плати. Дефокус не го полни фрижидерот. Со дефокус не можете да ја оттурнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари?“, прашуваат од СДСМ.

