Македонија
Градоначникот Трајановски и министерот Ристовски го посетија првото скопјанче во 2012-та
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, заеднос о миснитерот за труд и социјални политики, Спиро ристовски, во неделата на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар го посетја првото бебе што се роди во Скопје во новата 2012 година.
Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, заеднос о миснитерот за труд и социјални политики, Спиро ристовски, во неделата на Клиниката за гинекологија и акушерство при Универзитетскиот клинички центар го посетја првото бебе што се роди во Скопје во новата 2012 година.Како што претходно беше известено, првото новороденче во главниот град е женско и и донесе неизмерна радост на мајката Ружица Јовановска, на која и е третот дете. Бебето се роди во 1 часот и 15 минути по полноќ, долго е 52 сантиметри, а тешко три килограма и 640 грама. „Во 2011 година, исто како и во 2012 година, првороденото бебе беше женско и имавме плодна и бериќетна година, се надевам дека 2012 година ќе биде уште поуспешна“, изјави градоначалникот Трајановски.На среќната мајка и на првото бебе градоначалникот Трајановски им подари штедна книшка со 20 илајди денари и други пригодни подароци. Трајановски ја искористи приликата да им ја честита Новата 2012 година на своите сограѓани и да им пожели добро здравје, среќа и успеси./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

