Македонија
Сообраќајот се одвива отежнато
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјава во утринските часови се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови поради врнежи од снег на целата територија, само во некои делови врнежите се од дожд.
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во земјава во утринските часови се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови поради врнежи од снег на целата територија, само во некои делови врнежите се од дожд. Коловозите се лизгави и со големи остатоци од снег.На патниот правец Берово – Струмица поради поледица воведена е забрана за тешки товарни возила. На сите останати планински превои поради ниските утрински температури и остатоци од снег на коловозот, се препорачува исклучително внимателно управување со возилата. АМСМ до сите возачи препорачува исклучително внимателно возење на отежнатите услови за сообраќај, прилагодена брзина на движење на лизгавите коловози. Да се внимава на делниците Струга-Дебар и Катланово-Велес каде се забележува почеста појава на одрони. Препорака од АМСМ е да не се патува во текот на вечерните и ноќните часови. На граничните премини во моментов не се забележуваат подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. /амсм/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

