Македонија
Кожуф сé уште отсечен, скратени десетина приградски линии во скопско
Поради големите и нови интензивни врнежи на снег пропратени со силна виулица патниот правец Смрдлива Вода – Ски центар Кожув сé уште не е прооден.
Поради големите и нови интензивни врнежи на снег пропратени со силна виулица патниот правец Смрдлива Вода – Ски центар Кожув сé уште не е прооден.Туристите кои се наоѓаат во Ски центарот засега се згрижени и се во добра состојба, информира. Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според истиот извор, на овој патен правец има нови наноси од снег на постојаните 120 центиметри, поради што екипи на Ски центарот не се во можност да го расчистат патот. На терен се присутни екипи од Ски центарот и екипа од „Македонија пат“ – Гевгелија. Поради лоши услови на патот предизвикани од снежните врнежи, скратена е релацијата на десетина автобуски линии кои водат до скопските села. Како што информираше РЦУК од Скопје, скратување има на линиите 47а за с.Љуботен оди преку Љуботенски пат, 47 за Љубанци до Радишани, 58-а за Добри дол оди до Сопиште, 58б за с.Св.Петка до с.Соње, 60 за с.Г.Матка до Војската,61 за с.Побожје до каменоломот, 65 за с.Раштак до с. Црешево, 67 за с.Страхојадица до с.Зелениково, 71 за Бањани до раскрсница Мирковци, 80 за с.Цветово до с.Марков Манастир и 81 за Чучер Блаце до с.Сандево.Патниот правец над село Црвена Вода во општина Студеничани не е прооден за лесни возила, додека патниот правец до село Црн Врв се одржува прооден. во овој дел снежната покривна достигнува еден метар Во Општина Чучер Сандево на патниот правец кон селата Кучевиште, Горњени и Побожје има околу 15 см снег. Механизацијата е на терен и се очекува патот да биде набргу расчистен. ЈСП не сообраќа. Селата Танушевци и Блаце се одсечени поради големи наноси и таму не се во можност да интервенираат. Сообраќајот не се одвива. Патните правци до планинските села Добрино, Дејковец и Тисовица Палиград (општина Зелениково ) се проодни само до село Гумалево. /крај/со/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновски на средби со технолошки лидери во САД: разговарано за теми од клучно значење за развојот на безбедна дигитална инфраструктура
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, посетата на Соединетите Американски Држави ја започна со работна средба со MITRE Corporation, една од највлијателните и најдоверливи институции што со децении работат директно за Владата на САД во областа на сајбер безбедноста и управуваат со повеќе FFRDC центри (Federally Funded Research and Development Centers).
На средбата се разговараше за теми од клучно значење за современата држава и развојот на безбедна дигитална инфраструктура, меѓу кои: вештачка интелигенција и нови технологии со фокус на доверливост и валидација, сајбер безбедност и национална сајбер-отпорност за заштита на критична инфраструктура и државни платформи, дигитално управување и менаџмент на податоци за институционална дигитална зрелост и интероперабилност, како и области со високи безбедносни стандарди – авијација, безбедност и здравствен систем.
Средбата вклучи разговори со Beth Meinert (виш потпретседател и генерален директор), како и со Yosry Barsoum и Shamik Das од MITRE Corporation. Разговорот беше насочен кон тоа како се гради доверба во дигиталната држава, како се поставуваат јасни правила за одговорност и безбедност, и како институциите можат да носат подобри одлуки базирани на податоци, стандарди и мерливи резултати. Министерот Андоновски имаше можност да го посети и иновацискиот центар за истражување на MITRE, известува Министерството за дигитална трансформација.

Во рамки на посетата, министерот Андоновски заедно со владината делегација, која ја сочинуваат Игор Јанушев, Генерален секретар на Владата, и Златко Перински, Министер за локална самоуправа, остварија средба и со претставници на Microsoft, при што разговараа со Коззета Гарет, General Manager for Cyber Security Services во Microsoft, за актуелни предизвици и можности за унапредување на сајбер безбедноста, зајакнување на отпорноста на јавните системи и поддршка на дигиталната трансформација.
Делегацијата во САД ќе присуствува и на Молитвениот појадок, како дел од официјалната агенда на посетата.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

