Македонија
Дел од битолскиот улици оковани со мраз
По обилните врнежи од снег во Битола и околината, градот функционира по главните сообраќајници кои се проодни за возилата, но споредните улици сеуште се во замрзната или полузамрзната состојба.
По обилните врнежи од снег во Битола и околината, градот функционира по главните сообраќајници кои се проодни за возилата, но споредните улици сеуште се во замрзната или полузамрзната состојба.Како што јавува телевизијата Тера, најголем проблем имаат пешаците во Битола бидејќи тротоарите се или замрзнати или затрупани со снег.„Тешко се движиме, со лизгање. Не е исчистено. Битола има само две улици, Булеварот и Партизанска. Друго ништо не е проодно“,велат битолчани.. „Паднав само два пати оваа зима, бидејќи само толку пати излегов од дома“, вели еден битолчанец. Од ортопедското одделение при Клиничката болница во Битола велат дека е зголемен бројот на пациенти, кои се здобиле со скршеници како последица на временските услови, но дека состојбата не е загрижувачка и алармантна. Се работело само за лица со полесни повреди. Истото го потврдија и од одделението за итна медицинска помош, каде е зголемен бројот на лица со трауми здобиени од падови и лизгања, најчесто низ улиците, но и по домовите и дворовите. /крај/тера/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

